ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Сугарески: Се обврзувам на воведување бесплатен оброк за основците и бесплатни униформи за сите ученици во Прилеп

1.125

Со изјава за јавноста кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ, Горан Сугарески, се обврза воведување на бесплатен оброк за учениците од основните училишта, како и бесплатни униформи за основците и средношколците.

„Денеска, на Меѓународниот ден на учителите, 5 Октомври, ја изразувам мојата неизмерна почит кон сите оние кои ја извршуваат оваа благородната професија. Учителите, наставниците, професорите, се оние личности кои го пренесуваат знаењето, го помагаат формирањето на здравиот карактер и го поттикнуваат најдоброто во секој ученик.Во таа насока, покрај моите заложби за модернизирање на условите за настава и поставување на високи кадровски стандарди за спроведување на образовниот процес, силен фокус ставаме на учениците и на нивните потреби.

Се обврзуваме дека ќе воведеме бесплатен оброк за учениците, проект со кој ќе бидат опфатени сите деца од основните училишта од градот. Преземам обврска и тоа дека како градоначалник ќе воведам бесплатни униформи за сите ученици од основното и средното образование во Прилеп.Родителите никогаш повеќе нема да плаќаат ниту еден денар за униформи.

Нема да дозволам училиштата да бидат места каде се создаваат, или во кои до израз доаѓаат класни разлики помеѓу учениците.

Дополнителнои во правец на тоа, еднодневните екскурзии за основците и средношколците, кои се од едукативен карактер и кои се одвиваат на територијата на нашата држава, ќе бидат целосно бесплатни. Ќе бидат на терет на буџетот, а не на родителите.

Почитувани родители,

Ве уверувам дека ќе направам се’ што е во рамки и надлежност на општината, училиштата да бидат институции каде учениците се чувствуваат рамноправни и еднакви, меставо кои се негува и поттикнува солидарноста.

Јас силно верувам дека најдоброто за учениците, е најдоброто за Прилеп“, рече Горан Сугарески, кандидат за градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: