ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Алексоски: Прилеп заслужува да биде економски силен град!

785

Инфраструктурно доуредување на индустриските зони во Прилеп  и активирање на Економскиот совет денеска беше тема на прес конференцијата од Александар Алексоски кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп:

Време е сите заедно да направиме промени во Прилеп! Прилеп заслужува да биде економски силен град, кој ќе нуди поволна клима за работа како за домашните, така и за странските инвеститори, град со многу нови работни места. За таа цел, во победничката програма, која за која сум убеден дека ќе го дадете вашиот глас,предвидуваме инфраструктурно доуредување на индустриските зони во Прилеп со цел забрзан локален економски развој на општината. (Металец, Прилеп 2 – Сточно пазариште);
Повторно го активираме економскиот совет во кој учествуваат претставници на Стопанските комори во Прилеп и Занаетчиската комора. Оддржување на состаноци еднаш месечно со градоначалникот на Прилеп, директорите на јавните претпријатија од градот, и најважните државни институции, со цел да се решаваат проблемите и да се разменуваат идеи за побрз економки развој на општината.
Ќе го стимулираме развојот на постојните мали и средни бизниси и ќе создадеме услови за отворање на нови. Администрацијата во локалната самоуправа ќе биде целосно на располагање во рамки на свои надлежности. Во најбрзо можно време ќе се овозможи
електронски проток на документи во сите сектори и одделенија на општината, со цел побрзо услужување на граѓаните на Прилеп.
Ќе организираме обуки и работилници, на кои малите и средните фирми од Општина Прилеп ќе се едуцираат за применување современи методи и алатки, за да го подобрат своето работење и конкурентност. Согласно со можностите на општината и во соработка со донатори ќе обезбедиме средства за настап на бизнис-саеми на фирмите кои имаат најголем потенцијал
за раст. Со тоа ќе придонесеме за подинамичен развој на малите и на средните претпријатија, бидејќи тие имаат потенцијал да креираат голем број нови работни места.
После победата на 17-ти октомври, следуваат 4 години домаќинско и одговорно работење. Следуваат 4 години во кои ќе направиме целосна трансформација на нашиот град. Прилеп повторно ќе биде економски силна општина која ќе служи како пример за останатите општини во Македонија, “ рече Александар Алексоски кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп.

https://www.facebook.com/okprilep/videos/3051662411757820

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: