16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

ЦРТЕЖ И ВИНО

Изложба на цртежи организира ДЛУП ПРИЛЕП  на која ќе учествуваат дваесетина уметници со автентични творби. Настанот го носи насловот „ИНК 2021 – Цртеж и вино, а ќе биде организиран утре, сабота, во уметничко катче Ателје Артика – Прилеп . Посетителите ќе имаат прилика да научат повеќе за цртежот, да разговараат за уметноста, препуштајќи се и на богатата палета на ароми и вкусови на разните вина од македонска Винарска визба „ТИКВЕШ“.

Лиричната или дурската нота на линијата и емоциите кои ги буди играта на светло-сенката во комбинација со примамливите мириси и вкусови на виното, ќе ја предизвикаат перцепцијата и бујната имагинација на посетителите создавајќи единствено и неповторливо искуство.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

За следниов викенд Прилеп го најавува деветтиот по ред Jazz фестивал

Елизабета Филипоска

(Фото) Изложба која нема да Ве остави рамнодуштни

„МИСТЕРИЈА БУФО“ – нова претстава во театарот „Војдан Черндорински“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе