23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ во едукативна посета на Скопје

Третооделенците и петтооделенците од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, во текот на седмицава што изминува, во рамки на воннаставните активности го посетија Природонаучниот музеј и Националната опера и балет во Скопје. 
Во Природонаучниот музеј учениците се запознаа со минералите, карпите, растителните фамилии, семејствата риби, водоземци, влечуги, птици и цицачи и учеа за природните богатства на нашата татковина.
Потоа во Националната опера и балет со воодушевување и со внимание ја проследија балетската претстава „Доктор Офболи“
А потоа будно сонуваа без да трепнат вовлечени во приказната на балетската претстава ,,Доктор Офболи”.
  

И додека срцата им играа во нотите и движењата на прекрасната музика, очите им се полнеа со воодушевачките костими на Лисицата, Петелот, Жирафата… учеа дека на сите што го делиме овој свет ни е потребна взаемна грижа, љубов и добрина.

Фото: OOУ „Кочо Рацин“-Прилеп

Би можело да ве интересира

Авантурите на Ела Вилсон – роман на младата авторка Нина Насеска

Полицијата апелира на внимателност при измами и злоупотреби на лични податоци

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе