5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Од денеска полесно за работа во Германија. Ќе влијае ли тоа врз македонскиот бизнис?!

Германија од 1-ви март ги отвори вратите за работници од земјите кои не се членки на ЕУ.    Од денеска мекадонските граѓани очекуваа  полесно да дојдат до работа во Германија.  Стапува на сила новиот  закон за доселување на стручни работници  за земји кои се надвор од Европската Унија.  Засега нема точна бројка колку  работници би заминале, но  работодавачите се свесни дека одливот ќе биде голем.

 

Борче Чупетрески, член на Управниот одбор  од бизнис конфедерацијата на работодавачи,  тврди дека не е проблем само висината на  платите за мигрирање на  работната сила  од Македонија туку и целокупното општествено случување и живеење на македонскиот граѓанин

„ Либерализацијата кој со визниот режим ја прави Германија ќе донеси покрај кавалификувани кадри, да замине, дури, и онаа, неквалификуваната работна сила . Ова драстично ќе го  отежни работењето на стопанството . И, досега мора да признаеме, дека дури 90% од работодавачите „кубурат„ со квалификувани кадари, и веќе е започнат трендот на затворање на одредени компании,поради недостиг на работна сила. Немаме инжинери,  машински работници,архитекти….„

Чупетрески смета дека решение за спречување на миграцијата постои.

Несигурноста во системот кај нас е најголемиот проблем. Потребно е подобро менаџирање со државта, со парите на даночните обврзници – граѓаните. Оваа држава со честите политички избори, често и се случува да поставува луѓе на раководни функции кои тоа им е прво вработување, без предходно  искуство за таа позиција. Досега бевме ориентирани кон борбата за признавање, влез во меѓународните организации ,НАТО ,ЕУ , но покрај таа борба , мораше да се концентрираме и на домашните проблеми. Никој од двете актуелни политчки партии во Македонија, не се насочија на решавањето на проблемот со миграцијата и одливот на квалификуваната  работна сила.

 

Кога законската регулатива би застанала на страната на бизнисот и негова заштита,ќе имаме одредена стабилност, сигурност и планирање.Тоа ќе репродуцира стабилен и квалитетен бизнис  и ќе бара квалитетна работна сила, која и ќе ја плати. Вие неможете да купувате суфистицирани машини ако немате работници, ако нема квалификуван кадар кој би работел на тие машини. Ако се настапи систематски и во политката на образованието ,каде од основно образование , па во стручните училишта ќе се работи на едукација и профилирање на квалитетен кадар, кој ќе заврши во високите образовни школи ќе се создадат услови за продуцирање на повеќе кадри. Ушете повеќе важно е подобрување на социјалниот живот на населнието, а не поделба и политизирање –истакна Чупетрески

Германија е една од земјите каде последниве години  потојано заминуваат работници не само од тука, туку и од целиот регион. Кадарот кој главно се бара таму се градежници, молери, електричари, медицински персонал.

Германските претставници се оптимисти дека законот насочен на вработување квалификуван кадар од странство ќе биде ефикасен во решавање на дефицитот на германскиот пазар на труд.

Укината е одредбата компаниите пред да ги ангажираат да мора да докажат дека нема германски кандидати за работа.

Но, од сега квалификуваните луѓе ќе бидат примени под услов да зборуваат германски и да се способни да заработат за живот во Германија.

Би можело да ве интересира

Две минимални платни недоволни за полнење на потрошувачката кошница

Елизабета Филипоска

КРИЗАТА „ИЗЕДE“ 60 ПРОЦЕНТИ ОД ДОБИВКАТА НА „ВИТАМИНКА“

Од денеска стартува откупната тутунска кампања

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе