11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

Ученици од 3 општини ќе се натпреваруваат за творби од рециклирани материјали

Во тек е конкурсот за изработка на уметнички дела/творби од рециклирачки отпад за сите деца на возраст од 6 до 14 години, од општинските основните училишта ООУ„Страшо Пинџур“ Мало Коњари од Општина Прилеп и ООУ„Никола Карев“ од Општина Крушево, и ООУ„Манчу Матак“ и ООУ„Јонче Смугрески“ Обршани на територијата на Општина Кривогаштани,. Учениците како и претходните конкурси ќе работат во тимови/групи од по 5 до 7 ученици.
Темата за изработка на творбите е „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“.

Конкурсот за изработка на уметнички дела и творби од рециклирани материјали е всушност повторно искористување на опрема или материјали кои се употребуваат во тутунопроизводството (ПВЦ фолија/најлон, пластика, остатоци од скелиња, конец, саргии, заштитни одела, нараквици, картони, кукачки и сл.) како и вклучувањето и на нетутунски материјали (хартија, метални предмети и сл).
Годинава има новина – покрај уметнички творби, децата за прв пат ќе може да се натпреваруваат во спортски игри со предмети изработени од рециклирани материјали, и во натпревар за креирање на иновативни дела поврзани со тунопроизводството.

Конкурсот на тема „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“ го објавуваат по петти пат општините Кривогаштани, Крушево и централното училиште ООУ„Страшо Пинџур“с.Мало Коњари во соработка со МЦМС и завршува на 18 ти декември годинава. Наградите за најдобрите ќе бидат доделени на 24 декември во ООУ „Манчу Матак“ Кривогаштани.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за стручното образование во првиот уписен рок

Пела Редакција

Иновативците од СОУ Орде Чопела со уште една награда

Гордана Цветаноска

Можност прилепските ученици бесплано да го изучуваат кинескиот јазик и култура

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе