11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

Уште еден пациент од Прилеп почина како последица на корона вирусот

Министерството за здравство денеска 13 ти мај информира дека од коронавирус починаа уште три лица.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на 7 мај. Во болницата во Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон Инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје – 12, Прилеп – 7, Тетово – 3 пациенти и по еден во Кавадарци и Пехчево.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.694, бројката на оздравени пациенти е 1.229, на починати е 95, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 370.

Би можело да ве интересира

Словенците бараат работници од Прилеп и Македонија

Пела Редакција

Поевтинуваат горивата

Пела Редакција

Нов асфалт доби и улицата „Андон Слабејко“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе