12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Утре стартува турнирот во мал фудбал “Свети Никола 2019“

Прилеп од утре и во наредните 15 дена,  ќе живее со фудбалските мајстории. Утре, започнуваат првите натпревари на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“. На  турнирот пријавени се  80 – тина екипи, од кои 40 сениорски, 11-ет екипи на ветерани и 32  пионерски екипи во неколку категории. Жребувњето се одржа и екипите учесници веќе го знаат распоредот на натпреварите.

СЕНИОРИ:

ВЕТЕРАНИ:

Традиционалниот турнир во мал  фудбал ќе се одржува во Универзалната сала  во Прилеп и е во организација на Локален спортски сојуз – Прилеп, Комфи Ангел и Општина Прилеп. Наградниот фонд оваа година изнесува 330.000 ден. Дел од средствата ќе бидат донирани за лекување на малиот Дејан кој има aутизам , а средствата се потребни за подобрување на неговата здравствена состојба,односно за заминување  на лeкување со матични клетки на клиника во Турција ,за што на семејството им се потребни 54.000 евра.

Би можело да ве интересира

Над 70 натпреварувачи на предновогодишен меѓуклубски турнир во џудо

Елизабета Филипоска

Деспина без шанси против Металург

Елизабета Филипоска

Таиквондист Георгиевски ита кон првиот медал за Македонија на ОИ во Токио (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе