9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

ВАЖНА ПОБЕДА НА РК ПРИЛЕП

Екипата на РК Прилеп со убедливи 35:28 го совлада РК Радовиш во 9. коло на Супер лигата. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп домашните ракометари го имаа водството во целиот тек од мечот. На полувреме беше 3 разлика за РК Прилеп – 20:17. Во вториот дел на гостите не им се дозволи да ја загрозат победата, бидејќи тие се доближија само до 2 разлика, а пак составот на тренерот Горан Кузманоски стигна и до плус 7. На крајот сосема заслужен триумф на домашните од 35:28. Три важни бода за вкупно 12 и за место во средината од табелата.
Во следното 9. коло РК Прилеп е гостин на РК Охрид.

Би можело да ве интересира

Талимче на подготовки пред златната ракавица

Никола Димески

Каратистот Јовевски од КК Бонсаи на балканско во Црна Гора ( ФОТО)

Никола Димески

Јованоска го освои деветтото место на ЛОИ и напиша: МОЈОТ СОН РЕАЛНОСТ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе