12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

(видео и фото) Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеи

По повод Денот на музеите – 18 Мај и Европската ноќ на музеите, прилепскиот Завод и музеј, утре, в сабота, од 18,оо ч до 06,оо ч., недела наутро, ќе ги отвори вратите на музеите и галериите во Прилеп за сите посетители.

 

https://www.facebook.com/radiopela/videos/361888391123429/

 

Разговор на оваа тема  во емисија „Жешко столче“ со Благоја Атанасоски, дир. на Завод и музеј – Прилеп. Прилеп располага со извонредни поставки кои што се изложени во пет музеи во градот: Галеријата на икони, Музејот на археолошки артефакти, Меморијалниот музеј – 11 Октомври, Спомен куќата на Кузман Јосифоски-Питу, Музејот на тутун, а наредната недела свечено ќе биде отворен и Лапидариумот, но за утревечер , ќе биде достапен за посетителите.

 

Еден од најпосетените и со ретки атефакти во цела Европа е Музејот за тутун кој е во рамки на Институтот за старословенска култура, кај Институтот за тутун, на периферијата од градот. Имаме настојувања, но се уште е во разгледување Музејот да се премести, евентуално во Центарот за култура „Марко Цепенков” во центарот на градот да биде подостапен за посетителите. Се планира  и  поставување на патокази, табли, мапи за сите музеи и галерии во градот.  Атрактивни за посетителите се и другите музеи, спомен-домови и галерии зашто уште пред повеќе од година побаравме од Министерството за образование да бидат внесени во календарите на ученичките екскурзии истакна  Атанасоски во емисијата „Жешко столе“ на Радио Пела.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Обвинувања за криминал во ЈКП„Комуналец“

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Јовески: пензионерите да ги искористат поволностите за бесплатен градски превоз во Прилеп

Гордана Цветаноска

Во црквата Св.Петка -Точила се формира детски црковен хор

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе