18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови. Дополнително, се забранува и движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.

Владата на вечерешната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден.

Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.

Би можело да ве интересира

Полицијата апелира да не се палат стрништа, поднесени 8 кривични пријави

Гордана Цветаноска

Во ЈКП Комуналец Прилеп обвинувања за криминал на претходниот директор

Гордана Цветаноска

Прилеп има 61 нов случај на Ковид-19

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе