6.4 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Креирајте од дома со Стефани

Креативноста е измислување, експериментирање, растење, ризикување, кршење на правилата, грешење и најважно од се забава. Звучи привлечно, нели? Секој човек во себе крие уметник. Па, својата уметничка душа, младата Прилепчанка Стефани ја изразува на различен начин и ја споделува со Вас

Ќе одиме по ред и ќе објавиме неколку работи што таа ни ги испрати. Можеби ќе Ве инспирираат?!

Украсување на  ѕид –потребни Ви се списанија

Наместо списанијата, весниците, разгледниците, честитките да завршат во отпад, Стефани креативно ги искористува. Во акцијата, во собирање на списанија се вклучиле и нејзините пријатели,  никој ништо не фрлал, туки и ги подарувал. Сега, дневната соба на Стефани изгледа инспиративно, вака, и секој сака да направи интересна фотографија од овој , мора да признаете , невообичаен простор.

 

 

„ Овај период на #ковид19# каде секој поединец мора да ги почитува правилата за изолација, јас решив на еден креативен, интересен начин, моето време да го исполнам со активност, кое освен што ме исполнува и го работам со огромно задоволство, вооедно, допринесе за една нова димензија во мојот дом. Поради овојт ѕид веќе имам голем број на пријатели кои ме информираа дека сакаат да се сликаат, но секако, откако ке помине случајот со Корона вирусот.„- раскажува нашиот млад креативец

Секој лист, отприлика А4 формат, Стефани го видоизменува, додава други елементи од дрги магазини, лепи различни стикери,  дополнува текстови..буквално, го прави различен секој дел, со своето уметничо око и  кретација. И, ѕидот сега е одличен за создавање на интересни фотографии за на Инстаграм,Твитер и на другите социјални мрежи. Но , сега за сега, тоа и е дозволено само на креторот. „Вредеше буквално секоја секунда што ја потрошив за ова прекрасно креативно дело“.

 

Еве како сето тоа изгледа:

 

Инспирациите на Стефани во  #SediDoma#BidiKreativen #Napravineshto#  не завршуваат тука . Еве, уште некоја нејзина креација , која можеби ќе Ве поттикне и Вам да го промените домот и да го направите поубаво место .

 

 

Капатило:

Потребни Ви се две стаклени шишиња , а верувам дека секој дома ќе најде, и на нив може да се залепи, нацрта или да се  обвитка некоја украсна хартија. Направете свои уникатни теглички кои ке служат за васхит, за прибор за орална хигиена.

 

 

 

 

 

 

Кујна:

Веќе постоечките елементи за кафе ,шеќер ,чај, ги изменив. Му дадов нов стил! Користев коноп, хартија. И, можам да кажам дека сега ми се допаѓаат многу  повеќе!

„Сакам да истражувам, да учам нови нешта, да се усовршувам максимално, во тоа што го сакам и секогаш сум подготвена за нови идеи кои ги реализирам во секој можен момент.“- вели Стефани 

ПРОДОЛЖУВА…

Би можело да ве интересира

Башеска: Борбата меѓу доброто и злото е моја инспирација

Пела Редакција

НАШЕ А СВЕТСКО : Дванаесетгодишниот Кирил е “мераклија” за рачни изработки а креирал и направил безброј (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

КОВИД 19 ПРЕДИЗВИК: Сложувалките како креативна алатка и донација од Ерика, Наја и Марија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе