18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Во долненско, автомобил излетал в канал – возачот тешко повреден!

Кај долненското село Браилово , на локалниот пат, меѓу селата Браилово – Долнени, возач е тешко повреден, кога со возилото излетал во одводенот канал. Според полицијата, несреќата се случила вчера, на локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, општина Долнени, кај железничката станица „Браилово“.

Возилото „форд галакси“, без регистарски ознаки, управувано од Д. В. (45) од село Сенокос, Прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал. Д. В. добил тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата “Борка талески “ – Прилеп, каде што му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Два случаи на насилство врз жени пријавени во полиција

Елизабета Филипоска

Полицијата регистрирала три физички напади викендов во Прилеп и Кривогаштани

Пела Редакција

Масовна тепачка – четири лица нападнале четири други со стаклени предмети

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе