17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Во најава невреме со пороен дожд, грмотевици и ветер

Од денеска попладне до недела под влијание на циклонска активност на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрично празнење и град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во овој период наместа ќе наврнат и над 40 литри на метар квадратен дожд. Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Пелагонија ќе биде зафатена со променливо облачно, посвежо и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрично празнење и град.

Од Управата за хидрометеоролошки работи препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрично празнење, како и да не се престојува на отворен простор под осамени дрвја.

Би можело да ве интересира

Утревечер „Букет од песни“ на Октет Прилеп

Kaранфилоска: Природата е совршено место за пронаоѓање на сопствениот мир

Пела Редакција

(ВИДЕО) Над 300 модни дизајни на изложбата „Моден дизајн” во СОУ Ѓорче Петров

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе