ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп работи првиот центар за жртви од тортура

861

Од почетокот на годинава во Прилеп функционира првиот и единствен во земјава Центар за рехабилитација на жртвите од тортура. Центарот е резултат на заеднички проект на прилепската невладина Центар за граѓански иницијативи ЦГИ со српската организација ИАН од Белград.
-Од 1 јануари откако профункционира веќе имаме идентификувано три случаи – жртви од тортура. Имаме статистички податоци од Омбудсманот во 2016 година. Идентификувани се по седум случаи во 2016 и во 2017 година, а во 2018 идентификувани се девет случаи на жртви на тортура. Тоа, всушност се жртви кои имале несоодветен третман од државата. Во рамките на проектот, во текот на 2018 година се работеше со институции, промовирање на проектот, обуки од главниот партнер од Србија кој има искуство во оваа проблематика за полесно прифаќање на жртвите на територијата на целата земја. Ова е национален проект, и поточно, се реализира во две земји- во Македонија и во Србија и ќе трае уште две години, до крајот на 2020 година. Со жртвите ќе работат психијатри, психолози, доктори, правници, документирање на сите случаи, процесуирање на суд, нивно застапување. Имаме мобилен тим кој ќе може да реагира на целата територија на Македонија, потенцираше Гоце Тодороски, извршен директор на ЦГИ од Прилеп.
Тортурата е едно од најстрашните кршења на човековите права. Тоа е злосторство против човештвото. Целта е да се уништи човечката личност, достоинството и секогаш има цел да се застраши заедницата. Во рамките на проектот во Македонија најмалку 200 жртви на тортура и нивните семејства ќе добијат сеопфатна помош и 300 во Србија и важно е што се третираат и членовите на нивните семејства, вели Лончаревиќ од српската организација ИАН од Белград.
За Европската Унија еден од приоритетите се зачувување на човековите права.
-Овој проект доаѓа во вистинско време кога Македонија се соочува со процес на евроинтеграции и кога прашањето на човековите права е горлив проблем воопшто. Според универзалната декларација на човековите права, никој не треба да биде предмет на тортура или на нехуман и на деградирачки третман или казна. Во Северна Македонија ние обезбедуваме постојана помош во оваа област повеќе од 20 години, изјави Фрик Јанмат од Канцеларијата на ЕК.
Проектот „Сеопфатна акција против тортура“ ќе трае до крајот на 2020 година, а секоја година ЦГИ ќе доставува извештаи до Обединетите нации.
Проектот е поддржан од Европската унија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: