16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби

Утре, на деветнаесеттиот ден од јануари, православните верници го слават Богојавление, Водици. Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст, но поради пандемијата со коронавирусот, годинава оваа традиција нема да се одржи.

На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“. 

На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен чин на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, и се користи само при голема потреба (болест, вознемирување од зли духови).

„Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух. МПЦ-ОА,оваа година одлучи  да го одложи положувањето на светиот крст во реките и езерата поради пандемијата, но сепак Богојавление или големиот водосвет црковно ќе се слави во Храмовите со Боженствена Василиева литургија, а осветувањето на водата ќе се изврши во дворовите на Црквите според добиените препораки од страна на Комисијата за заразни болести до верските заедници. Претстојниот празник Богојавление да го прославиме достоинствено со верба во Бога  и одговорност кон јавното здравје, со почитување на препорачаните мерки од страна на верниците. Богојавленските празници да се прославуваат без нарушување на законските нормативи. Осветување на водите оваа година ќе се одржи во кругот на храмовите. Запазувајќи ги овие мерки, како Црква ќе придонесеме за зачувување на општото здравје на нашиот народ. Ние Прилепското архиерејско намесништво заедно со свештенството Ви посакуваме добро здравје и Го молиме Семилостивиот Бог да го отстрани ова зло што се надвисна врз целиот свет. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога Отецот и заедницата на Светиот Дух да биде со сите Вас.“- посочи отец, Влатко Ристески, од Прилепско намесништво од Преспанско – Пелагониска Православна Епархија.

Полицијата најави засилени контроли за Водици, за да нема групирање и да се почитваат мерките на заштита .

За прв пат оваа годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите во прилепскиот базен каде од година во година бројот на верници кои сакаат да скокат по Светиот Крст,се зголемуваше. Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби.

Би можело да ве интересира

ФФМ продолжува со поддршка на младинските категории, футсал, женските лиги, и покривање на трошоците за службените лица

Гордана Цветаноска

Од 2 часот ноќеска започнува летното сметање на времето

Пела Редакција

До утрово 37 л/м2 дожд во Прилеп, а 10 л/м2 повеќе во прилепското поле

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе