ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЧЕ ВРЕДИ: Проектот МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР-Прилеп не е проект кој се реализира со цигли и бетон

1.066
Кандидатот за градоначалник на  граѓанската опција ЧЕ ВРЕДИ , Жаре Стеваноски смета дека Прилеп не е проект кој се реализира со цигли и бетон :
„Прилеп не е проект кој се реализира со цигли и бетон бе дечки. И без тоа Прилеп има повеќе од доволно инфраструктурни можности кои треба само да се отстапат за таква намена. Тоа е проект кој има за цел да ги поттикне основните и средните образовни вон наставни активности на младите, да даде можности на неформалните поединци и групи и невладиниот сектор за да ги подготват и презентираат своите идеи и проекти, да се натпреваруваат во тоа кој подобар нуди. А не проект од бетон и цигли за кој потоа Вие ќе си ги вадите очите кој побргу да го запоседне.
Тоа е проект преку кој треба се реализираат и сите останати културни настани во Прилеп, за да се спречи досегашното селективно доделување на средства од програмата за култура од страна на оваа и било која друга идна власт, за тие да бидат поквалитетни, подобри и независни од партиската боја.
Патем, нели и мултифункционалниот затворен базен предвидува идентична инфраструктура како оваа, па нели е премногу на едно неисполнето да ветувате и второ кое патем, формално правно невозможно е да се реализира со оглед на дејноста и надлежноста под која функционира Работничкиот универзитет “Пере Тошев”. На некој долго пред Вас му има текнато да се интересира за можностите со “Пере Тошев” и ако беше можно немаше да чекаме Вие да ни ги кажете.
Дечки, отворете ја старата програма за локални избори 2017/2021 на Илија Јованоски и излезете на пресс, најпрвин јавно извинете се за тоа што таа не е реализирана во добри 90% и побарајте ја довербата на Прилепчани со ветување дека Вие ќе направите обид да го реализирате претходно ветеното. Така е подостоинствено и подобро да се настапи.Верувајте, само така ЧЕ БИДИ нешто од Вас.-смета кандидато за градоначалник на граѓанската иницијатива ЧЕ ВРЕДИ , Жаре Стеваноски

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе