12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Втора акција за пошумување кај Селце в недела на 14 ти ноември

Активистите за чиста и здрава околина не мируваат, в недела на 14 ти ноември ќе се одржи втората по ред акција за пошумување на околината на Прилеп во рамките на глобалната иницијатива -Оставете „зелена трага“ во природата. Планирано е засадување на 5 илјади садници, кои со добра волја, низ дружба ќе ја позеленат падината кај манастирот Свети Димитрија кај селото Селце. Организаторите повикуваат сите вљубеници во природата, да се пријават и да понесат со себе алат за работа, а за сите кои ќе се вклучат по завршување на акцијата следува топло гравче во манастирот.

Првата акција се одржа на 31 октомври кога беа засадени 500 садници багрем беа засадени околу манастирот Св.Димитрија, с.Селце. Еко акцијата, во организација на  Диме Велески кој ги донираше садниците, беше широкоградо прифатена од пријатели,  вљубеници на природата, екологистите и извидниците, при што учествуваа членовите на извидничкиот одред “Феникс“, членови од спасителната служба „Златоврв„ предводени од претседателот Дарко Неданоски, преставници од граѓанската иницијатива „Еко Свест“ – Прилеп, екологисти, ученици, граѓани кои што си го сакаат родниот град .

Би можело да ве интересира

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Пела Редакција

Десет училишни проекти реализирани на иницијатива на невладината ЦГИ

Гордана Цветаноска

Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминацијат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе