16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Десет училишни проекти реализирани на иницијатива на невладината ЦГИ

Во проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата II фаза“, кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија, 10 училишта беа вклучени и се реализираа проектите кои ги подготвија ученици од истите училишта.

Имено во август оваа година, 30 ученици од десетте училишта учествуваа на Младинскиот летен камп за развој на локалните иницијативи. Учениците таму научија како да подготват проекти, ги подготвија, а потоа и ги доставија за оценување. Најдобрите беа избрани за поддршка и реализација. Моментално се релизираат активностите, но стигнува и опремата утврдена како потреба во проектите.

Некои од проектите се посветени на уредување на училишната околина со уредување и оплеменување со клупи, училници на отворено и слично, други со опрема за настава како опрема за кабинети по анатомија, хемија и други училишни предмети, а трети пак имаа потреба од набавка на печатачи и ЛЦД проектори.

Така учениците научија како да пишуваат проекти, но и како да реализираат, а на своите училишта им донесоја и нова опрема.

Би можело да ве интересира

Тешко е да се прекине маѓепсаниот круг на детските бракови

Радио Пела во медумска поддршка на хуманитарниот концерт на Саша Ковачевиќ

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе