ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска 7 јули е раѓање на св. Јован Крстител – Иванден

839

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јуни.

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден.

На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со Дева Марија која го роди Бога,Исус Христос, е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет. За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Светии, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа ,токму и овој и празникот, во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: