8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

ЗА РК ПРИЛЕП ПРЕСУДЕН БЕШЕ ФИНИШОТ ОД ПРВИОТ ДЕЛ

Во натпревар од 5. коло на машката Супер лига, РК Прилеп со 24:30 загуби од РК Еурофарм Пелистер 2. Битолчаните ја имаа иницијативата од почетокот на мечот, но младиот прилепски состав, најмлад во лигата, бргу успеа да воспостави рамнотежа. Така беше се до финишот од првото полувреме. Тој период, се чини, е одлучувачкиот. Гостите направија разлика од 6 гола, која натаму беше недостижна. На одмор се замина со 10:16, а и во продолжението соодносот беше, речиси, неизменет. На крајот конечни 24:30 за Еурофарм Пелистер 2.

Во следното, 6. коло, РК Прилеп му гостува на РК Тиквеш во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Тофилоски се враќа на голот на Победа

Алиоски го отвори турнирот во мал фудбал во Црнилиште

Гордана Цветаноска

Без многу пишувања и објаснувања – навивачите организирано во Скопје за своите црвено бели (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе