2 C
Прилеп
недела, 16 февруари, 2025
Пела Радио

Алиоски го отвори турнирот во мал фудбал во Црнилиште

Во тек е традиционалниот турнир во мал фудбал во организација на ФК Црнилиште, а се одржува на отворено, на асфалтното игралиште во ова населено место. Почесен гостин, и турнирот го отвори Езџан Џани Алиоски, македонскиот репрезентативец родум од Црнилиште, кој што предизвика огромно внимание и почит кај неколку илјадната публика. Најрадосни беа децата кои ја искористија приликата да направат фотографии со нивниот идол. Инаку, Алиоски настапува за Лидс во англиската Премиер лига, а во Македонија е на заслужен одмор по завршување на настапите на македонската репрезентација на Еуро 2020.

На турнирот учество ќе земат вкупно 27 екипи од долненско, Прилеп, Кривогаштани, Битола и Велес. Натпреварите се одигруваат во вечерен термин со почеток од 19 часот. Обезбедени се вредни награди за најдобрите 3 првопласирани екипи:  прво место 1000 евра, второ место 500 евра и за трето место 300 евра, како и  4 комплет дресови.  Турнирот е подржан од судиската организација на ОФС Прилеп, како и од многу спонзори од регионот, меѓу кои и станица за технички преглед Авто Контрол Прилеп.

Би можело да ве интересира

Ракометарките на Деспина поразени на гости од лидерот Куманово

Од десет џудисти 10 медали

Елизабета Филипоска

Прилепскиот ракометар Томче Петрески на чело на РК Пелистер

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе