18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

За старт на учебната година првачињата добија подароци во Крушево

Во Општина Крушево денеска градоначалникот Христоски додели пакетчиња на првооделенците во ООУ „Никола Карев“ Крушево заедно со подрачните училишта, кои се обезбедени во соработка со една приватна компанија.
Подароците за првачињата за среќен почеток на новата учебна година содржат училиштен прибор неопходен за работа.
Инаку, во ООУ Никола Карев годинава образовниот процес го започнуваат 88 првачиња.
Директорката Оливера Чавкароска, напоменува дека бројот на првачињата бележи благ пораст, а што се однесува до условите за работа во централното и подрачните училишта, Чавкароска потенцира дека учениците ќе ја започната новата школска година во освежени, реновирани училници, а условите во континуитет се подобруваат.

Би можело да ве интересира

Донација во прилепските детски градинки „Наша иднина“

Пела Редакција

Научна академија за Георгија Кастриот – Искендер

Гордана Цветаноска

Оставка како морален чин поднесе Министерот за здравство Филипче и уште тројца

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе