16 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

Донација во прилепските детски градинки „Наша иднина“

ЈОУДГ „Наша иднина“, објектот Гоце Делчев, денеска во соработка со грчката амбасада во Скопје, пристигна донација од грчките фирми кои делувааат во Македонија. Соработката со оваа амбасада е остварена преку детските цртежи кои биле напревени во прилепските детски градинки и испратени во сите дипломатски претставништва. Донацијата е повеќе симболичен почеток и се состои од храна, како и едукативен прибор.

 Се’ започна минатата година на иницијатива на Советот на родители во објектот Гоце Делчев во соработка со вработените и со дечињата, кои избоија цртежи и упатија како барања до странските амбасади и поголемите компании во нашата земја. Досега на тој повик кон крајот на минатата година се одзваа од Словенечката амбасада и еве оваа година започнуваме со соработка со Грчката амбасада во Скопје и Грчкиот конзулат во Битола. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам до Грчката амбасада и конзулатот и грчките компании кои со оваа симболична донација покажуваат дека сакаат да соработуваат со нас, да ни помогнат да ги подобриме условите и да предизвикаме насмевки и среќа кај децата, посочи Христина Трпеска, директор на ЈОУДГ „Наша иднина“.

Желбата за продлабочување на соработката ја истакнаа и од страна на дипломатските претставништва на Република Грција, од каде што посочија дека денешната донација е само почеток.

-Донацијата е мала и симболична, но битно е што ја покажува добрата волја меѓу двата народа и двете земји, а најбитно е да им донесеме радост на децата од градинката. Голема радост е што се најдовме овде во градинката. Покажуваме колку сме расположени за соработка и за унапредувањето на пријателството. Соработката ќе продолжи на повиско ниво и на поголеми донации. Според дипломатијата која ја застапуваме многу е битно луѓето од двете земји да се поблиски и да соработуваат. Може да соработуваме во обуки и на економски план, во областа на туризмот, изјави Костадинос Прокакис од грчката амбасада во земјава .

Прилеп се отвора за соработка и на дипломатски план со нашите надворешни пријатели, посочи Дејан Проданоски, претседател на Совет на општина Прилеп заблагодарувајќи се на донацијата.

Како Општина Прилеп и како погранична општина која што граничи со Република Грција, еве остваруваме прв контакт со некоја си условно дипломатска активност. Сведоци сме дека со смената на локалната власт, Прилеп се отвора за соработка со надворешни пријатели. Како локално раководство сметаме дека со помош на нашите пријатели од поразвиените земји, од околината, од соседите дека можеме и ние како општина да се надоградуваме и да одиме напред. Тоа е единствената цел која што ја имаме и сме сериозно зафатени со тоа. Ова е иницијална соработка и ја поздравувам, затоа и е моето присуство овде, како претставник од основачот на ЈОУДГ „Наша иднина“ и сметам дека ова е само почеток на една соработка што како соседни земји треба да ја имаме. Прилеп е конечно отворен и за меѓународна соработка, а еве да ја искористам приликата дека веќе в недела е Меѓународниот карневал Прочка, што пак е добра прилика и за соработка на културен план, рече Проданоски.

Грчките претставници на компании кои делуваат и работат во земјава со задоволство го прават првиот чекор кој што е насочен кон помош за најмладите.

– Ја претставувам фирмата која овде опстојува речиси 26 години. Сметаме дека она што им го донесовме на децата во градинката, ќе ги израдува. Има моливи, пенкала, блокови, тетратки  и верувам сето тоа ќе ги израдува децата. како компанија сме блиски до граѓаните и секогаш сме подготвени на донирање, рече Преловенѕу од Веро Џамбо.

И Димитрис Вергитис, сопственик фирма „Кандиа“ за маслиново масло која што работи веќе 3 години во Македонија ја нагласи подготвеноста да се помогне и за соработка.

–Донесовме симболична донација за да покажеме добра волја и соработка со Прилеп, рече Вергитис.

На настанот беа присутни конзулот на Република Грција во Битола Александрос Видоурис, претставник на дипломатската канцеларија на Грчката Амбасада во Скопје, Константинос Прокакис, менаџерот на продажба од Веро Џамбо Марија Прелорендзоу и сопственикот на Кандиа, Димитриос Вергитсис.

Би можело да ве интересира

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: со оставката на Локвенец, дното за неспособност е пробиено!

Двајца затвореници нападнaле осуденик во прилепскиот затвор

Пела Редакција

Книгата „Македонци“ од Бранислав Светозаревиќ промовирана во десет градови во Германија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе