9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Железничкиот премин го блокира патничкиот сообраќај во Прилеп

Од утринава не функционира железничкиот премин на улицата „Леце Котески“ во непосредна близина на главната железничка станица во Прилеп. Рампата е спуштена, а поставени се попречно  големи цементни блокови.

Јасно е според сообраќајните знаци дека преминот е во прекин, но како и претходната реконструкција и оваа ќе помине без никаква информација и претходно предупредување за учесниците во сообраќајот.

 

Неодамна, беше реконстриран и железничкиот премин во населбата Сточен пазар. И двата премини беа во очајно руинирана состојба.

 

 

Инаку, железничкиот сообраќај е во прекин поради бојкот на машинскиот персонал во ММЖ транспорт. Причината е неисплатен втор дел од септемвриската плата, а во целосен прекин се товарниот и патничкиот железнички сообраќај.

 

Би можело да ве интересира

Нови рестриктивни мерки, проширен полициски час, угостителските објекти се затвораат

Гордана Цветаноска

Во Новаци се гради спортска теретана на отворено

Гордана Цветаноска

Донација од 180.000 денари за Центарот за деца со церебрална парализа од турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2017“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе