8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Жена казнета со три илјади евра оти лажно се претставувала како полицаец

Прилепското основно јавно обвинителство до Основниот суд Крушево поднесе предлог за изрекување казна за жена која не ја почитувала забраната за движење и при легитимирањето од страна на полициските службеници лажно се претставила како нивна колешка.

Како што информираат од обвинителството, жената затекната при прекршување на полицискиот час, на овластените лица им се претставила како полициски службеник.

Таа се товари за продолжени кривични дела непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и лажно претставување и за неа Обвинителството предложи парична казна од 3.000 евра во денарска противвредност.

Преземено од: MKD.mk

Би можело да ве интересира

Опожарен автомобил – тренер се однесувал недолично кон малолетничка

Елизабета Филипоска

Починала 35 годишна родилка во прилепската болница

Елизабета Филипоска

Филмски грабеж во бензинска станица, украдени 2 800 евра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе