11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

Зошто 8 ми април е Светски ден на Ромите, по што се издвојуваат македонските Роми во светот?

Светскиот ден на Ромите се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот.
Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува патувањата и миграциите на Ромите.
Официјалната ромска химна се темели на старата ромска песна Џелем, Џелем . Првиот конгрес на Ромите во Лондон резултираше и со прогласување на официјален ромски јазик, како и официјално прифаќање на називот „Ром“ што на ромски значи човек.
На четвртиот светски конгрес на Ромите одржан 1990 година во Полска, решено е 8 април, денот кога е отворен првиот конгрес во Лондон, да се прогласи за Светски ден на Ромите кој секоја година ќе се одбележува во целиот свет.

По што се единствени македонските Роми во светот?

– Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми, а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот е официјален јазик, покрај македонскиот.
– Ромите во Република Македонија единствено во светот – со Уставот од 2001 г. се признати како народ.

 

Ромите се најбројното етничко малцинство во Европа. Тие на Стариот континент живеат над 700 години. На првиот Светски конгрес на Ромите во 1971 година во Лондон. е усвоено официјалното име – Роми. Дотогашниот назив „цигани“ е отфрлен како навредлив и дискриминирачки.
Денес во Европа живеат околу 12 милиони Роми. Половина од нив во земјите од Европската унија. Во Романија, Бугарија и во Унгарија живеат најмногу Роми, додека во Хрватска и во Полска ги има релативно малку.

Би можело да ве интересира

Прва светска војна-Македонците се бореа во три туѓи војски, а најчесто беа роднини и пријатели

Пела Редакција

МЗШВ одговори на барањата од земјоделските здруженија

Гордана Цветаноска

Младите дами се повеќе посегнуваат по чашка алкохол – 40 години клуб на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе