20 C
Прилеп
вторник, 30 јуни, 2026
Пела Радио

5- ти меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски“

Прилеп, иако одамна не е на листата “ракометни градови“, (нема екипа во Супер лига, ниту соодветна сала за големи ракометни натпреварување) се обидува да го негува ракометот, бидејќи многу ракометни имиња и ракометни велични произлегоа од овој Пелагониски град .

Токму, во битката да се зачувауваат ракометните спомени,  деновиве, Прилепчани ќе можат да уживаат во ракометната игра, следејќи го  меморијалниот ракометен турнир “Миле Нешкоски 2019„, кој почнува од утре.

На турнирското натпреварување се само четири екипи: РК Прилеп, ГРК Тиквеш, РК Металруг 2 и РК Алушовски. Натпреварите започнуват од 11,оо ч. РК Прилеп – ГРК Тиквеш, а во 13,оо ч. ќе се сретнат екипите на  РК Металруг 2 и РК Алушовски. Следните натпревари се од 18,оо ч. , а во 17,оо  преставници од екипите учесници и организаторите ќе положат цвеќе пред спомени обележјето на ракометарот Миле Нешкоски, поставено пред Универзалната сала во Прилеп.

 

 

Натпреварите продолжуваат во петок од 17,оо ч. Сите натпревари се играат во салата на СОУ Ристе Ристески Ричко.

Меморијалниот ракометен турнир “Миле Нешкоски 2019 “посветен на својот поранешен ракометар на РК Тут- Ком , репрезентативец и ракометен тренер, Миле Нешкоски кој почина  2011 г , во 41. година од животот, од срцев удар.

Би можело да ве интересира

Каралиоска е дел од македонскиот национален тим У-17 за европските квалификации (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Фудбалскиот судија Зоран Костоски – Жере достојно и успешно ја заврши судиската кариера (ВИДЕО + ФОТО )

ТеаАндреа/ХајфКафе победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе