16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Граната пронајдена во „Стара касарна” во Битола

На 07.06.2024 во СВР Битола било пријавено дека при ископ во место викано „Стара касарна” во Битола била пронајдена експлозивна направа. Увид бил извршен, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за топовска граната со калибар 75 мм по потекло од пред Првата светска војна.

Само пред неколку дена во старата касарна беа пронајдени вкупно 2.871 пушка од пред Првата светска војна, и однесени во магацин.

„Граѓаните, ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани убојни средства, од безбедносен аспект за нив и околината, важно е да не ги фаќаат и да не ги поместуваат туку да пријават на 112 “,велат од  ЦУК.

Би можело да ве интересира

Во Кривогаштани приведен бегалец од затвор

Зачестуваат физичките напади врз жени и пријавите во полиција за вакви случаи

Гордана Цветаноска

Шестмина повредени во сообрајќајка на патот с.Крушеани – с. Обршани

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе