9 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Започна расадувањето на тутунот во Пелагонија, аирлија!!!

Високите температури невообичаени за пролет го забрзаа расадувањето на тутунот од новата реколта во Пелагонија. Расадувањето започна деновиве и во прилепско и во битолско под „полна пареа“ и во меѓувреме на променливите периоди со жештина или дожд. Стравувајќи од прераснување на расадот и од болести кои може да се јават на растението поради големите температурни разлики кои го зафатија регионот, тутунарите брзаат да го засадат планираното на нивите.  До 31 март биле склучени повеќе од 29 илјади договори за производство, на околу 26 илјади тони тутун, што е слично како и минатогодишната реколта.

Ланската реколта тежеше 14.763 тони ориентален тутун, која беше откупена по цена од 365 денари по килограм. Кон тутунарите исплатени се и субвенциите, останува годината да е бериќетна и времето да послужи за да се обезбедат планираните приноси.

Би можело да ве интересира

Сугарески: Почнува втората фаза од изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско

Гордана Цветаноска

Започнува Фестивалот на пивото и скарата

Пела Редакција

Почина последниот АСНОМ- ец,прилепчанецот Перо Ивановски – Тиквар

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе