16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Кризниот штаб очекува упатства за постапување со сајбер заканите

По вчерашните дојави за поставени бомби во 2 централни и 2 подрачни училишта во Прилеп, утринава Кризниот штаб одржа седница. Во текот на вчерашниот ден имаше дојави со различен карактер во две основни училишта, во ОУ „Гоце Делчев“ и во ОУ „Блаже Конески“. МВР потврди  дека заканите биле лажни како и претходните минатата недела.

Според градоначалникот Борче Јовчески биле преземени сите мерки за заштита, како што е навремена евакуација на учениците и персоналот во училиштата. Кризниот штаб очекува упатства во заштита и превенција од вакви сајбер закани, посочи  градоначалникот Борче Јовчески, во изјава за медиумите.

На состанокот на Општинскиот кризен штаб присуствуваа: градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на Совет на Општина Прилеп, претставници од Општина Прилеп, претставници од МВР – ОВР Прилеп, претставници од АРМ, претставници од ТППЕ Прилеп, од јавните комунални претпријатија, јавните здравствени установи, преставници од подрачната единица на ЦУК – Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување.
Различната содржина на заканите предизвика кризниот штаб кој ја следи состојбата да побара подетални инструкции од Владата и ги очекува во текот на денов. Дојава, за наводно поставени бомби преку електронските пошти, на 15ти февруари, најпрвин, добија 5 прилепски училишта, а само неколку дена подоцна, вчера на 20ти февруари, две прилепски училишта повторно добија закани дека имаат експлозивна материја во нивните школи, што предизвика сериозно алармирање на Општинскиот кризен штаб.
 Заклучокот на сите беше единствен и како што рече градоначалникот Јовчески од страна на Општина Прилеп ќе се испрати Барање до Влада и останатите надлежни институции со цел да се побара од нив да имаме конкретни упатства или донесени уредби според кои ќе се постапува во вакви ситуации.

Би можело да ве интересира

Втор ден градот прави штети во Пелагонија

Гордана Цветаноска

Станкоски: 150 години Тутунски Комбинат АД Прилеп – историја со предизвици и големи успеси

ВНИМАТЕЛНО! (Видео)Патот на дел од Плетвар под вода

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе