24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Втор ден градот прави штети во Пелагонија

Поројниот краткораен дожд проследен со град и ветер и денеска предизвика штети на кревкото земјоделско производство во Пелагонија. За штети овие два дена јавуваат земјоделците од битолско, Бучин, селата кои гравитираат кон Прилеп,  Кривогаштани, варошко.

Земјоделците на социјалните мрежи споделуваат видеа и фотографии  за тоа какво невреме ја зафати најголемата житница, најголемиот тутунски регион и втор регион по производство на градинарски производи во Македонија.

Штетите предизвикани од градот во ек на расадување на тутунот и градинарските култури доправа ќе се утврдуваат.

 

 

Би можело да ве интересира

Можна ли е смена на менаџерскиот тим на Еурокомпозит?

Откупот завршува, се „кројат“ условите за новата реколта (ВИДЕО)

Ограничување на сообраќајот во Кривогаштани за Фестивалот на пиперката

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе