10.3 C
Прилеп
среда, 30 октомври, 2024
Пела Радио

Комарци ги „изедоа„ жителите од с.Дебреште кои алармираат за помош

Жителите од с.Дебреште “маки мачат“ со комарците. Писмено се обратија до нашата редакција и бараат помош од надлежните. Велат дека ситуацијата со комарците е алармантна и ги спречува во изведувањето на нивните земјоделски работи, бидејќи комарците ги има во рој.  Во писмена реакција доставена до нашата редакција се вели :

Ние сме земјоделци, тутунари, сточари. Работиме по цел ден по нивите и фармите и имаме голем проблем со рој комарци. Ситуацијата е алармантна. Користиме секакви средства против заштита што ги набавивме од аптеките, но не помага. Молиме за авионско прскање и уништување на комарците „  ни’ се обратија жителите од с. Дебреште, кои очигледно се соочуваат со голем проблем, а надлежните тешко го слушаат нивниот глас.

Тие ги повикуваат надлежните да помогнат. Бараат во нивното село да се  испрска против комарци и тоа во неколку наврати, а побараа и авионско прскање.

Рој комарци ги напаѓаат стадата со овци и крави, се жалат сточарите. Велат дека од комарците, стоката не може да се нахрани, а комарците ги напаѓаат во рој и луѓето, па движење на земјоделците речиси е оневозможено по 18,оо ч. по нивите, каде во ек е бербата на тутунот. Земјоделците од с. Дебреште бараат спас и помош!

Инаку, Општина Долнени,  на 6-ти јули 2023 година, преку соопштение, информира дека во сите села Центарот за Јавно Здравје – Прилеп ,  врши дезинсекција за уништување на комарците. Но, по се’ изгледа во селото Дебреште, дезинсекцијата не делувала! Луѓето навистина се соочуваат со голема мака!

 

Би можело да ве интересира

Општина Новаци ќе ги субвенционира домаќинствата за набавка на климатизери

Се подготува нова претстава во прилепскиот театар

Пела Редакција

Бочварски: новиот автопат Прилеп – Битола започнува со изградба во април

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе