16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Нов медиумски центар за збогатување на ИТ просторот и на граѓанските гласови

Радио Пела во соработка со Радио Кочани и интернет порталот text.mk на Здружението „Новинари за човекови права“ започна со реализација на заедничкиот проект „Зајакнување на гласовите, колаборативен центар за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ финансиран од ГИЗ (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit -Германско друштво за меѓународна соработка) и ЕУ во траење од 12 месеци. Целта на проектот е со заеднички напори двата комерцијални медиуми – двете локални радија и невладината организација да создадат нов висококвалитетен мултимедијален новинарски интернет простор – ИТ платформа која што ќе обработува теми и прашања од локалните заедници преку интерактивни содржини.

Проектот „Зајакнување на гласовите, колаборативен центар за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ вклучува изработка на ИТ платформа (онлајн медиумски центар) каде што ќе бидат пласирани новинарските содржини од трите редакции од интерес на заедниците во прилепска Пелагонија, Источниот регион – Кочани и Скопје за создавање на двонасочна комуникација со слушателите и читателите на медиумите. Интерактивниот ИТ центар покрај  на македонски јазик содржините ќе може да се следат и на англиски, српски и на албански јазик.

Во рамките на проектот ќе се реализираат 5 работилници (обуки) за медиумските работници на кои ќе се детектираат, анализираат и обработуваат специфични теми од интерес на различните локални заедници.

Проектот „Зајакнување на гласовите“ финансиски поддржан од ГИЗ има за цел да ги доближи уште повеќе малите локални медиуми до граѓаните, но и да ја прошири мрежата од новинари и медиуми кои би биле дел од едно поголемо медиумско јадро покрај Радио Пела, Радио Кочани и Новинари за човекови права со порталот text.mk.

 

Овој проект е овозможен од Програмата #SustainMedia, кофинансирана од Европската Унијат и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој. Неговата содржина е единствена одговорност на „ Радио Пела“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ или на Федералното Министерство за економија Соработка и развој.

 

 

Би можело да ве интересира

Како ЦГИ го прилагоди своето делување во услови на пандемија

Гордана Цветаноска

Енергетско ефикасни практики во земјоделствотo

Пела Редакција

Нова водителска двојка во младинската емисија и нови интересни интервјуа од младите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе