10.3 C
Прилеп
среда, 30 октомври, 2024
Пела Радио

Отворена изложбата  “Под нулата”

Синоќа. 17.11.2023,  во Ликовната галерија на ЦК”Марко Цепенков” беше отворена изложбата  “Под нулата”, авторски проект од Викторија Димеска, историчар на уметност.
“Под нулата” е мултимедијален проект во кој уметниците Анита Јовеска, Атанас Атанасоски, Бојана Артиновска, Викторија Димеска, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Елена Димоска – Николоска, Маја Ралева – Миладиновски, Марјан Стојаноски, Методи Исков, Филип Јовески, Филип Перески, Христина Мазнеска и Христијан Нашуловски, ги истражуваат проблемите и решенијата поврзани со климатското затоплување.
Зборувајќи за проектот Викторија Димеска рече дека во него се обединуваат восхитот кон грандиозноста и мистериозноста на природата со современите концепти на одржлив развој и заштита на животната средина од глобалното затоплување.
-Уметниците учесници на изложбата со помош на многубројни цртачки и сликарски, традиционални, комбинирани и експериментални техники, како и применетите нови практики во скулптурата пренесуваат моќна визуелна порака -“грижи се и дејствувај денес, за безгранична и чиста иднина”- истакна Димеска на отворањето на изложбата  “Под нулата”.
Отворањето на изложбата беше збогатено со настапот на Дуо Волчело.

Би можело да ве интересира

Честитки – 73 години постоење КУД „Мирче Ацев“ Прилеп (ВИДЕО)

(ФОТО) Изложба на уметничка фотографија „Јордан Зазоски – Зазо“ ,

Елизабета Филипоска

Мултимедијален фестивал „Цело е кога се има 30“ во Прилеп и Крушево за културно освежување

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе