16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот бенд “The Schmucks” слави четири години постоење на македонската музичка сцена (ФОТО)

Рок групата The Schmucks овој викенд на втори декември во клубот ,, Калинка ” ќе го прослават нивниот четврт роденден. Ќе понудат вистинска музичка  атмосфера и добра забава. На роденденската забава ќе има и специјален гостин.
Формирани се 2019 година и од тогаш свират во повеќе локали во Прилеп и низ Македонија. Thе Schmucks  во својот репертоар главно се претставуваат со  rock and roll музика од 50те, 60те години, но во нивното музичко претставување имаат и понови песни. Издадоа и  една авторска песна ,, Chaos” во 2022. Работат и на нови авторски песни, кои треба да бидат снимени во блиска иднина.The Schmucks го сочинуваат: Дамјан Ристески – тапани, Филип Ристески – бас гитара, Кирил Трајкоски – ритам гитара, Андриано Чолаковски – бас гитара и Михаил Јагуриноски – вокал и главна гитара.

Би можело да ве интересира

Пријатни звуци на отворено со „Звуците на градот“ (видео )

Серија настапи на препознатливите DЈ Denny и DЈ Spliting со познати и реномирани пеачи од регионот (ФОТО)

Никола Димески

ЗАЕДНО СО МАКЕДОНСКАТА ФОЛК ЕСТРАДА : Татијана Стефановска : Контактот со музиката кај мене останува засекогаш! (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе