11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

Прилеп во 21 век

Ако не ви е јасно  зашто ни СМРДИ градoт, зошто наликува на 19 век и зошто наместо да ја одржуваме јавнаа хигиена, САМИ си криеираме смрдеа – тоа е поради ваквиот однос на нашите сограѓани.

Снимката е направена од непосреден минувач , денеска ( 3 јуни 2024) и се наоѓа во близина на касарните. Оттаму често се жалаат граѓаните на ваква слика на ова место. Расфрлано ѓубре, различен отпад од теписи до алишта и дргу картонски кутии послни со ѓубре,  истуркани и искршени контејнери, се само доказ за нашата не култура, негрижа и несовесен однос кон животната средина. Не дека комуналеците го одржуваат градот беспрекорно чист, но факт е дека и ние придонесуваме кон негрижата и нехигиената, со нашиот несовесен однос кон фрлање отпад. Но , се чини дека едукацијата не помага и дека без спроведување на казнена политика ваквата слика во градот нема да се спречи… Ова, мора да признаеме е и значителна или потенцијална закани и за јавното здравје, а не само за животната средина!

Од ЈКП Комуналец велат дека ѓубрето низ градот се собира со редовна динамика, дека нема никаков застој од нивна страна, но дека  проблемот е поради несовесни граѓани кои фрлаат ѓубре и трупаат отпад, иако на ова место е назначено дека е СТРОГО забрането да се фрла отпад.

Ех , Прилеп.. ваки ли се живее во 21 век ?!

Би можело да ве интересира

Од неколку селски чешми водата не е здравствено исправна

Пела Редакција

Проблемот со загадениот воздух во Прилеп пред советниците

Пела Редакција

Со регистрација до СКУТЕР – Авто Контрол Прилеп наградува!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе