16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Саем на земјоделски производи и домашно.мк

Сабота, пазарен ден (15 ти октомври) во Прилеп кај градскиот саат ќе се одржи саем на земјоделски производи во организација на Здружението ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Домашно.мк, а со поддршка на министерството за земјоделство и Општина Прилеп. Повод е Меѓународниот ден на руралната жена (15 ти октомври) кој што се одбележува со низа манифестации кај нас и во светот.

Во Прилеп тоа ќе биде единствена можност за уживање на вкусната традиционална храна приготвена од вредните раце на македонските жени од разнични краишта. Покрај можноста да се вкуси  и да се купат органски производи како слатко, џем, мед, сирење и многу други домашни производи, ќе има и други изненадувања како што се презентации за приготвување на некои традиционални јадења. Организаторите најавуваат настап на КУД Мирче Ацев од Прилеп, а на пладне, за најмладите ќе има  едукативно детско диско и забава со кловнови и музика.

Саемот на земјоделски производи ќе започне од 10 и 30 часот, а манифестацијата ќе трае до 17 часот со низа придружни настани и забава.

Би можело да ве интересира

Голема хуманитарна акција за четирите семејства од прилепските бербери, фризери и козметичари

( Фото ) Коњот кој бил удрен од несовесен возач на Плетвар е згрижен во СОУ “Орде Чопела“

Пела Редакција

Почна вакцинирањето против ковид-19 на деца од 12 до 16 години- во Прилеп 60 -тина деца пријавени за вакцинација

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе