18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

„Ангел си ти“ музичко-сценски настан за роденденот на Тоше

Со крводарителска акција, со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ утре во Спомен-домот „Тодор Проески“  на Гумење во Крушево ќе бидат одбележани 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце, Тоше Проески.

Во организација на Црвениот крст од Крушево, во Спомен-куќата ќе се организира хуманитарна крводарителска акција од 9 до 16 часот. Во 10.30 е посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје.

Во Спомен-домот „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42-риот роденден на Тоше ќе бидат промоврани и 42 маички печатени со победнички мотив.

Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.

Крај вечното почивалиште на Тоше Проески ќе бидат и неговите обожуватели и приврзаници кои секогаш доаѓаат од земјава и Балканот. Тоше Проески го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Имаше само 26 години.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп повторно во врвот според новозаразени, тројца починаа од последици со Ковид 19

Гордана Цветаноска

Пронајдена граната во прилепско од Првата светска војна

Пела Редакција

Општина Новаци започна со планирање на Буџетот за 2023 година

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе