9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

КК Бонсаи e македонски преставник на Балканското првенство во карате за деца во Турција

Карате клубor Бонсаи – Прилеп, од среда до недела ( 31.05-02.06.2024 год.) ќе ја преставува Република Македонија на 28 -то Балканско првенство во карате за деца 2024,  кое ќе се одржи  во Истанбул, Република Турција. 

Во натпреварувачкиот дел ќе учествува 14 натпреварувачи: Цвете Миланоска, Софија Крстевска, Јована Маркоска, Анастасија Ангелеска, Патриција Наумоска, Сара Спиркоска, Благица Јошеска, Иво Качаков, Леонид Белески, Алексеј Петрески, Максим Петрески, Христијан Димески, Габриел Ламбевски, Теодор Стојановски, под водство на тренерот Дамјан Ристески.

Натпреварите ќе се одвиваат во категорија кати и кумите борби. На Балканско првенство во карате за деца, покрај Р. Македонија, ќе се натпреваруваат каратисти од уште 11 балкански репрезентации: Албанија, Б и Х, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција.

Би можело да ве интересира

ПРИМЕН ГОЛ НА ТРИ СЕКУНДИ ПРЕД КРАЈОТ

Елизабета Филипоска

Михаела е “нордиско злато” на Прилеп и Македонија (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Ветераните на припомош на РК Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе