16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Венко Филипче е новоизбраниот лидер на СДСМ

Венко Филипче извојува победа на внатрепартиските избори за лидер на СДСМ, обезбедувајќи значителен број гласови во однос на неговите ривали. Членство му даде поддршка на Филипче на вонредните внатрепартиски избори  чии ривали му беа Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ и Александар Бајдевски, поранешен заменик министер во МИОА.

Денешните избори на кои победи Филипче следуваа по катастрофалниот пораз на СДСМ на парламентарните избори во мај, на кој освои само 18 пратеници , па  по седум години на власт партијата замина во опозиција. Пратеничко столче доби и Венко Филипче.

Инаку, Филипче е неврохирург кој во политиката сериозно загази во 2017 година, кога му беше доверен ресорот Здравство во владата на Зоран Заев. Тој  во кампањата се осврнал на обединувањето како предуслов за успешно закрепнување на СДСМ и спречување на натамошни поделби.

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп денеска опозицијата критикуваше, власта се фалеше!

Елизабета Филипоска

Петреска од ОК ВМРО-ДПМНЕ :Сугарески и Јованоски се фалат дека направиле нов пат со дебелина на асфалтот од 5-6 цм

Елизабета Филипоска

Заев: Во следниот мандат обезбедуваме уште повеќе пари кај граѓаните за уште подобар економски стандард

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе