16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Олимпискиот факел во рацете на Македонка

Спортскиот свет почна да одбројува до стартот на Олимписките игри во Париз. 33-те Летни олимписки игри „Париз 2024“ започнуваа од 26 јули до 11 август 2024 година. Олимпискиот факел, еден од значајните  симболи на олимпиското движење ,веќе патува низ Франција и низ градовите каде што ќе се одржуваат натпреварите.

И, историски момент! Можеби првпат во македонската историјата, факелот со олимпискиот оган се најде  во рацете на Македонка.

 Ова е приказната за  Инес Кузманоски , млада девојка,  родена во Франција, по потекло Прилепчанка , Македонка, која  ја доби честа да го носи олимпискиот факел од градот Chartres (40 км оддалечен од Париз) до Олимпискиот базен,  трчајќи  делница од 250 метри, за да го предаде олимпискиот оган .

Инес се пријавува како волонтер  на ЛОИ во Париз. Но, не е ништо случајно – таа е  судија по ритмичка гимнастика, тренира ритмичка гимнастика, има освоено многу медали,  па од 11. 000 лица кои го носат олимпискиот факел низ Франција,  таа ја доби честа да го биде дел од штафетната трка .

За неа носењето на олимпискиот факел е исклучителна гордост ! „Навистина сум воодушевена и тоа чувство е се посилно„ ни рече  таа!

  •  Олимпискиот факел  е дизајниран од  Матју Ланер и ги содржи трите симболи: еднаквост, вода и мир!
  • Првите чекори на Олимпискиот факел во Франција , од Атина, пристигнаа  на 8 мај 2024 година,а  олимпискиот факел во Франција го носат 11.000 луѓе, меѓу кои и Македонката Инес
  • Свеченото отворање на ЛОИ е закажано на 26 јули во 20,оо на „Стад де Франс“ во Париз, а затворањето е на 11 август.
  • Освен во Париз и неговите предградија, спортски натпревари ќе се одржат и на други локации. Ракометните натпревари ќе се одржат во Лил, едрење ќе се одржи во Марсеј, сурфање на островот Тахити во Француска Полинезија, додека фудбалските натпревари ќе се одржуваат низ цела Франција.
  • На  Олимписки игри во Париз ќе учествуваат спортисти од 206 земји
  • На ЛОИ ќе учествуваат 10.500 натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат во 32 различни спортови и ќе се борат за 329 златни медали.
  • Во центарот на Париз ќе има 15 олимписки натпревари.
  • За време на Игрите во Париз се очекуваат повеќе од 15 милиони туристи
  • Летните олимписки игри траат од 26 јули до 11 август.

–      Париз е вториот град што три пати бил домаќин на ЛОИ и слави 100 години од ЛОИ во 1924 година

 

Би можело да ве интересира

Прилеп доби вторилигаш во кошарка

Пела Редакција

(ВИДЕО) Џудо клубот Сеишен одличен организатор на турнирот „Прилеп град херој“

Гордана Цветаноска

Во прилепско Канатларци се славеше победата на Ердоган

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе