0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (47)

Пишува Зоран Момироски

  • ДИМЕ БОЗОСКИ СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНАВА, ТРГНА ПО ТЕРКОТ НА НЕГОВИОТ КОЛЕГА ЈОНОСКИ. БЛИЗОК И ПО ПРЕДЛОГ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ ЗА СОВЕТНИК, ДИМЕ БОЗОСКИ, ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА И ТОЈ СИ СТОИ НА ДАДЕНИОТ ЗБОР ДЕКА МЕСЕЧНИОТ   ПАУШАЛ ОД 20.000 ДЕНАРИ  ЦЕЛОСНО ЌЕ ГО ДОНИРА ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ ОБЕЗБЕДИ  БАНКАРСКИ  ИЗВЕШТАЈ. ОД НЕГО, МОЖЕ ДА СЕ УТВРДИ  ДЕКА ОД  ДОБИЕНИТЕ  400.000 ДЕНАРИ ОД СОВЕТНИЧКАТА „ПЛАТА“ ЗА 20 МЕСЕЦИ, БОЗОСКИ ДОНИРАЛ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ, ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА УЧЕЊЕ И ЗА УЧЕБНИЦИ, ЗА УЧЕБНИ ПОМАГАЛА, ПЛАЌАЛ ЗАОСТАНАТИ  ДОЛГОВИ ЗА КОМУНАЛНИ  СМЕТКИ,  ВКЛУЧУВАЈЌИ  И ЗА СТРУЈА НА ГРАЃАНИ, ПРИ ШТО ТОЈ ПРЕРАСПРЕДЕЛИЛ ПОВЕЌЕ ОД 450.000 ДЕНАРИ. БОЗОСКИ ИМА ДОНИРАНО И ЗА ПРОФЕСИОНАЛНАТА ПРОТИВ ПОЖАРНА ЕДИНИЦА ВО ПРИЛЕП, НО И ЗА САНИРАЊЕ НА КУЌИ КОИ СЕ ОШТЕТЕНИ ИЛИ УНИШТЕНИ ВО ПОЖАРИ. ДОНАЦИЈА  ИМА ДАДЕНО И  ЗА  ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПРИЛЕП .

 

  • ОД ОНИЕ КОИ ДАДОА ЈАВНО ВЕТУВАЊЕ  ПО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ И ТОА ПО ФАМОЗНАТА СУДСКА ОДЛУКА  ДЕКА РАЗЛИКАТА ВО ПЛАТА И ПАРИТЕ  ЌЕ ГИ ДОНИРА, ОСТАНА ДА  ДОКАЖЕ  УШТЕ  ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ИЛИ  МОЖЕБИ ТОА БЕШЕ  УШТЕ  ЕДНО НЕГОВО ИСКРЕНО ВЕТУВАЊЕ АМА УШТЕ ПОИСКРЕНО  НЕ-ИСПОЛНУВАЊЕ. НА ФБ ПРОФИЛИ УПАТЕНИ ТВРДАТ ДЕКА ПОКРАЈ ПЛАТАТА СО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО,  БОКИ СИ „ЦЕПЕЛ“ ВО ПРОСЕК  МЕСЕЧНО ПО ПЛУС УШТЕ 10.000 ДЕНАРИ ЗА ДНЕВНИЦИ КАКО ПАТНИ ТРОШОЦИ. ВО ОВА, НЕМА НИШТО НЕ Е СПОРНО И СЕ“ Е ПО ЗАКОН, ОСВЕН НЕИСПОЛНЕТИТЕ  ВЕТУВАЊА.  ИСТО КАКО ОНА, КОГА ПРЕД 12 МЕСЕЦИ ВО УТРИНСКА ПРОГРАМА НА ЕДНА ОД НАЦИОНАЛНИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ А, ПО ПОВОД  ЛАНСКИОТ ПИВОФЕСТ 2022, УШТЕ ТОГАШ БОКИО ВЕЛИ: ВЕТУВАМ И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СЈАЈОТ НА „ПИВОФЕСТ“ ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ОНАКОВ КАКОВ ШТО БЕШЕ НА ТУРИСТИЧКАТА МАПА ( ПАЗИ ЖИТИ СЕ“ НА ТУРИСТИЧКАТА МАПА). ЗА ПОТОА, ВО ИСТАТА ИЗЈАВА, ТОЈ ТВРДИ, ДЕКА ЛАНИ ОЧЕКУВАЛ ОКОЛУ 100.000 ПОСЕТИТЕЛИ. НО, НАЈВЕРОЈАТНО СО ТЕНДЕНЦИЈА ГОДИНАВА ТАА БРОЈКА ДА БИДЕ, АКО НЕ ПОВЕЌЕ БАРЕМ ДВОЈНО ПОГОЛЕМА. И, НАВИСТИНА  БОКИ ЧОВЕК ОД ЗБОР. ГОДИНАВА НА ПИВОФЕСТ 2023 ИМАШЕ БЛИЗУ 200.000. АМА ВО НЕГОВИОТ СОН. ДАЛИ ЧОВЕК  ДА ПЛАЧЕ, ИЛИ  САМ ВО СЕБЕ ДА СЕ СМЕЕ?! ИЛИ НАВИСТИНА САМ ВО СЕБЕ БЕЗ СООДВЕТЕН ОДГОВОР, ЧОВЕК ДА СИ СЕДИ И ДА СИ МИСЛИ: ШТО НАВИСТИНА МУ СЕ СЛУЧУВА НА ЧОВЕКОВ?!?  СЕГА ПО ОФИЦИЈАЛНОТО СООПШТЕНИЕ  ДЕКА „ПИВОФЕСТ“ СЕ ОДЛАГА ЗА ДО ГОДИНА, СЛЕДИ  МАЛ ФБ СПИН. ЦЕЛТА Е ЗА ДА СЕ ДЕФОКУСИРА  ЈАВНОСТА. И, НЕ ВО ЈУНИ, ТУКУ ВО АВГУСТ ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРАЛА ОВАА ГОЛЕМА МАКЕДОНСКА И БАЛКАНСКА МАНИФЕСТАЦИЈА. А,  НАРОДОТ  ПОВЕЌЕ ВЕРУВА ВО СПИНОВИ И ВО ЛАГАТА ОТКОЛКУ ВО РЕАЛНОСТ,  ПА СО СИОТ  УМ ГО ОЧЕКУВААТ „ПИВОФЕСТ“ ИДНИОТ МЕСЕЦ.

 

  • ПО ОФИЦИЈАЛНОТО СООПШТЕНИЕ ДЕКА ФЕСТИВАЛОТ НА ПИВОТО И СКАРАТА СЕ ОДЛОЖУВА ЗА ИДНАТА ГОДИНА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПРЕКУ НОЌ  ГО СНЕМА ОД ЈАВНОСТА. НАПИКАНИ ВО ГЛУВЧЕВА ДУПКА БОКИО СО НЕГОВОТ ВЕРЕН  ДРУГАР  ГУЛАБО И  НЕГОВАТА ДРУГАРКА ОД ОПШТИНА „ЦРВЕНКАПА“ ТАКА ЈА ВИКАЛЕ ОТИ ЖЕНСКАВА ИМАЛА  ЦРВЕНА КОСА, НО И СО ЕКИПАТА ЗА „БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ“  БРЗАЛЕ  ДА СМИСЛАТ НЕКОЈА ЕКСПРЕС АКЦИЈА. НЕШТО СО КОЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГО НАМАЛАТ  УДАРОТ ОД ПРИТИСОКОТ И КРИТИКИТЕ  ОД  ЈАВНОСТА, А СО ТОА И СТРАМОТ ЗА „ПИВОФЕСТ“ РЕШИЛЕ  ИТНО ДА  ОБЈАВАТ ДЕКА ПОЧНУВА ИЗГРАДБА НА ВОДОВОД  ЗА ПОТРЕБИ НА  МАНАСТИРОТ – ТРЕСКАВЕЦ. ЗАГРИЖЕНИ ЗА И ОКОЛУ ГОЛЕМИОТ УГЛЕД НА  БОКИО, ОВИЕ ОД ОО НА  СДСМ –ПРИЛЕП ЕКСПРЕСНО „МУ ФРЛИЈА ГУМА ЗА СПАСУВАЊЕ“. УПЛАШЕНИ  И ЗАГРИЖЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ДРУГИТЕ  ВО  ВМРО-ДПМНЕ  ЗА НАШИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, СДСМ ЕКСПРЕСНО ДАВА ИЗЈАВА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ. „КОМУЊАРСКА РАБОТА“ ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПНЕ, „КАКО ИМ ТЕКНАЛО НА ОВИЕ  ОД СДСМ, ПА ТИ ИЗБРАЛЕ ТОП ТЕМА ЗА ДЕФОКУСИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА.“ ЕМ СИТЕ ЌЕ КОМЕНТИРААТ ЗА СПОРТОТ И ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА НА КЛУБОВИТЕ,  ЕМ НИКОЈ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА  ПОМИСЛУВА ДА КОМЕНТИРА КРИТИКУВА И РЕАГИРА  ЗА ОТКАЖАНИОТ „ПИВОФЕСТ“. ЕДНО МЛАДО  МОМЧЕ ОД СДСМ ДАВА ИЗЈАВА И ЧИТА  ДАЛИ ЧИТА: ЗА НЕПРАВДА ВО РАСПРЕДЕЛБА НА ПАРИТЕ ЗА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ. ЗБОРУВА ЗА ОДЛУКА ДОНЕСЕНА  НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ, А ПОТВРДЕНА  НА СОВЕТ. И ТОА НЕ ЗА ОДЛУКА ДОНЕСЕНА НЕ СЕГА ИЛИ  ДЕНОВИВЕ, ТУКУ  ЗА ОДЛУКА ДОНЕСЕНА УШТЕ  ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ. ЗА СРЕЌА ОД ОВИЕ НАШИ НЕСРЕЌИ ВО ПАРТИИТЕ И ПОЛИТИКАТА, ОВА  КАЈ ПОЕДИНЦИ И ВО ВМРО-ДПМНЕ И ВО СДСМ  ИМ СОЗДАДЕ  СОМНЕЖ  ДЕКА  НИТУ  НА ВМРО–ДПМНЕ  НИТУ НА СДСМ  НЕ МУ БИЛ  БИТЕН СПОРТОТ  И  ПАРИТЕ СО КОИ ОПШТИНАТА ФИНАНСИСКИ  ГИ ПОМАГА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ ТУКУ БОКИ „ИКЕБАНАТА“. НИВ КРИСТАЛНО ЧИСТО И ЈАСНО ИМ  СТАНАЛО ЈАСНО ЗОШТО ВЕДНАШ  ПО ОТКАЖУВАЊЕТО НА „ПИВОФЕСТ“ СДСМ  НЕ ДАВА ИЗЈАВА ЗА ПРОПАЃАЊЕ НА ОВАА ГОЛЕМА УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА, ТУКУ ЗА СПОРТОТ.

 

  • ЗА РАБОТИТЕ ДА БИДАТ ПОЈАСНИ ПО ОВАА ИЗЈАВА НА СДСМ ЗА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА НА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ, ЛУЃЕ КОИ ЕПТЕН МНОГУ ЈА ПОЗНАВААТ  РАБОТАТА, ИНАКУ ЧЛЕНОВИ И ПОДДРЖУВАЧИ НА ВМРО-ДПМНЕ И НА СДСМ, АМА ЧЕСНИ И ИСКРЕНИ  ЉУБИТЕЛИ И ПОДДРЖУВАЧИ НА СПОРТОТ, НА ФБ ВЕДНАШ РЕАГИРАА И ГО ПРЕПОЗНАА „БРАТСТВОТО“ МЕЃУ ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ПАРТИИ  ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ. ЗА ДА НЕ БИДАТ НАРУШЕНИ БЛИСКИТЕ И ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ, ТИЕ ВЕЛАТ ДЕКА НАЈМНОГУ ПАРИ ОД СКРОМНИТЕ  БУЏЕТСКИ  СРЕДСТВА, ОД ВМРО-ДПМНЕ ДОБИЛЕ А.Д. РК ПРИЛЕП ПОВРЗАН СО СЕДЛОСКИ  И  ПИНПОНГАРСКИОТ КЛУБ МЛАДОСТ -96 ПОВРЗАН СО ДОСЕГАШНИОТ СЕКРЕТАР НА ОПШТИНАТА МАТРАКОСКИ.  А ОД СДСМ  НАЈМНОГУ ОД ПАРИТЕ ДОБИЛЕ  А.Д. ФУДБАЛСКИ КЛУБ „ПОБЕДА“ ПОВРЗАН СО ГЕШОСКИ И ТИЕ ШТО СТОЈАТ ЗАД НЕГО  И КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ „МЕГА БАСКЕТ“ ЗАД КОЈ СТОИ САШО ДАМЕСКИ АКТУЕЛЕН ДИРЕКТОР ВО ПРИЛЕПСКИОТЗАТВОР. ОВИЕ ПОЗНАВАЧИ НА СОСТОЈБИТЕ ВО СПОРТОТ, ВЕЛАТ ДЕКА ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА,ОПШТИНСКА ПОМОШ  СО ГОДИНИ ДОБИВААТ КЛУБОВИТЕ И ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИ  ВО ЗЕМЈАВА. НО, ТИЕ ТВРДАТ ДЕКА ВАКВИОТ ПРИСТАП ВО РАСПРЕДЕЛБАТА НА СРЕДСТВАТА Е ОДЛИЧЕН ПОВОД И МОТИВ ДА СЕ ПОЗАНИМАВА И АНТИКОРУПЦИСКА ОД ПРИЧИНИ ШТО  КЛУБОВИ ШТО СЕ ВО ВИСОК ИЛИ ПОВИСОК  РАНГ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ  ПРВО  НЕ МОЖАТ И НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ФИНАНСИРАНИ ОСОБЕНО ШТО СЕ АД (АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА). КОНКРЕТНО ШТО СЕГА „А.Д  РК ПРИЛЕП“  ДОБИ И ОФИЦИЈАЛЕН СПОНЗОР КОМПАНИЈАТА КОМФИ АНГЕЛ. ЗА РК ПРИЛЕП НЕ Е СПОРНО ШТО ДОБИЛЕ ТИЕ И ОСТАНАТИТЕ КЛУБОВИ ПОМОШ АКО ИМА НЕШТО СПОРНО ИЛИ НЕЗАКОНСКИ, ВЕЛИ РУБИН СЕДЛОСКИ. СПОРЕД НЕГО, ТОЈ ШТО СЕ СОМНЕВА СЛОБОДНО  НЕКА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА ПРЕД АНТИКОРУПЦИСКА. НЕКА СЕ ОТВОРИ ПРЕДМЕТ И НЕКА ЗАПОЧНЕ ИСТРАГА. ЗА  ГОЛЕМИВЕ „ЛАПАЧИ“ НА ПАРИТЕ ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА  Е ПОВАЖНО ПРАШАЊЕТО: КАКО  ОПШТИНА ПРИЛЕП  ГО МАРГИНИЛИЗИРА СПОРТОТ СО  БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА!?! ПРИЛЕП 4 МИЛИОНИ  ДЕНАРИ, КАВАДАРЦИ 30 МИЛИОНИ  ДЕНАРИ, ОХРИД 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, А БИТОЛА НАД 60 МИЛОНИ ДЕНАРИ. КОЈ И ЗОШТО СО ВАКОВ НАМЕНСКИ ОПШТИНСКИ БУЏЕТ ГО ФРЛИ НА КОЛЕНА ГРАДОВ, ОДНОСНО ОПШТИНАТА,  ТРЕБА ДА ОДГОВОРАТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ-МУЦЕТО.

 

  • ПОКРАЈ ПАРИТЕ ЗА КЛУБОВИТЕ, БЕЗМАЛКУ СИТЕ СПОРТСКИ КЛУБОВИ ВО ПРИЛЕП ГО ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊЕТО И СО СПОРТСКИТЕ САЛИ: УНИВЕРЗАЛНАТА ОД ТУТУНСКИ КОМБИНАТ КОЈА СЕГА Е ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ  СО СТАНБЕН ПРОСТОР, А Е СО ГОДИНИ  ПОД КЛУЧ. ПОТОА, СПОРТСКАТА САЛА МАКЕДОНИЈА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО СПОРТСКИ САЛИ, КАКО И СПОРТСКИОТ КОМПЛЕКС  „МАРКОВИ КУЛИ“ КОЈ Е ОДЗЕМЕН ОД КОНЦЕСИОНЕРОТ. И ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: ЗОШТО ОПШТИНАТА НЕ ГИ „ЗАСУЧИ РАКАВИТЕ“ ЗА ДА ГИ ЗЕМИ ОВИЕ ОБЈЕКТИ ДА ГИ ОДРЖУВА И ДА ГИ СТАВИ НА РАСПОЛАГАЊЕ?! БИДЕЈЌИ, ОСВЕН УЧИЛИШТНИТЕ СПОРТСКИ САЛИ, ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ  ВО МОМЕНТОТ НЕМА. ЕДНИ СЕ СО СТАВ ДЕКА РАЗЛИЧНАТА ПРИПАДНОСТ  ОПШТИНСКА И ДРЖАВНА ВЛАСТ ГО ОДЛОЖУВА РЕШАВАЊЕТО НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ. ДРУГИ СЕ НА МИСЛЕЊЕ ДЕКА И ПРЕД  ДВЕ ГОДИНИ КОГА ЛОКАЛНАТА И ДРЖАВНАТА ВЛАСТ БЕА ОД ИСТА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ПРОБЛЕМОТ НЕ БЕШЕ РЕШЕН. СПОРЕД НИВ, ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ БЕГАА КАКО „ЃАВОЛ ОД ТЕМЈАН“ ОД ДВАТА, ОДНОСНО СЕГА ТРИТЕ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ. УНИВЕРЗАЛНА СО ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ ОД НАД 1 МИЛИОН И 500.000 ЕВРА, МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ВЕДНАШ И ТОА, АКО  ДВЕТЕ  СТРАНИ  ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ. ДУРИ ОД РК ПРИЛЕП ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ПОДГОТВЕНИ  ДА ЈА ПРЕВЗЕМАТ УНИВЕРЗАЛНА И  ДА СЕ КОРИСТИ. ПО ПРЕПОРАКА НА „ИЗИС“–СКОПЈЕ САМО ТРЕБА МАЛА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВРЗ  СТАТИКАТА  НА НЕЈЗИНИОТ БАЛКОН. А СПОРТСКАТА САЛА МАКЕДОНЈА, ИАКО СО ОДЛУКА ОД 2009 ГОДИНА ТРЕБАЛО  ДА ЈА ПРЕВЗЕМИ ОПШТИНАТА, СЕГА МУ Е ДАДЕНА НА ПОЕДИНЕЦ  КОЈ  ПОДОЛГО ВРЕМЕ СТОПАНИСУВА СО ОБЈЕКТОТ. ПРИ ДВЕ ГОЛЕМИ САЛИ ВО ГРАДОТ, ГОЛЕМ СТРАМ Е НА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ДА  ИМ БИДАТ САМО  УЧИЛИШНИТЕ САЛИ!!!

 

  • НАМЕСТО ВЛАДЕАЧКАТА ПАРТИЈА ВО ГРАДОВ ДА РАСПРАВА ЗА ТОА НА КОЕ ТЕРЕЏЕ СЕ ДЕЛ ОД НАСТАВНИЧКИОТ КАДАР ВО НЕКОИ ОД УЧИЛИШТАТА,  ОСОБЕНО ОТКАКО НАСТАВНИК НАТЕПАЛ НАСТАВНИЧКА ВО ЕДНО ОД ОСНОВИТЕ УЧИЛИШТА ЕВЕ ШТО ТИЕ ПРАВАТ. ДЕНОВИВЕ, ВО ПРОСТОРИИТЕ НА О.К НА ПАРТИЈАТА  ЛОКАЛНИОТ ШЕФ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ  НАВОДНО ГИ ПОВИКАЛ НАСТАВНИЦИТЕ  КОИ ВРЕМЕНО СЕ АНГАЖИРАНИ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС. НА СРЕДБАТА ТОЈ ГИ ПОТСЕТИЛ ДЕКА ПАРТИЈАТА ПО ПОБЕДАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ И ПО ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ НЕ ИМ ГИ ПРОДОЛЖИЛЕ  ВРЕМЕНИТЕ ДОГОВОРИ НА ПУЛЕНИЦИТЕ ОД СДСМ. НА НИВНО МЕСТО ДОШЛЕ ТИЕ И ЗАТОА ИМААТ ОБВРСКА, АКО НЕ ПОВЕЌЕ, БАРЕМ ДА ЛАЈКААТ НА ФБ ПОСТОВИТЕ ОД ПАРТИЈАТА И НА НЕГОВИОТ- ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ. ТОА  ЗА ДА МУ СЕ ПОДИГНЕЛ  РЕЈТИНГОТ ДЕКИО, НА КОЈ МУ БИЛО ВЕТЕНО КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК  НА СЛЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. ЧИСТА РАБОТА- ПРОВЕРЕНА МЕТОДА! ЈАС ВАС МЕСТО ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, ВИЕ МЕНЕ ЛАЈК НА ФБ. ПО ОВИЕ РЕКЛА, КАЗАЛА-МУАБЕТИ, ЕПТЕН МНОГУ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАВ ДАЛИ Е ОВА ВИСТИНА. ДЕЛ ОД ТИЕ КОИ БИЛЕ НА СОСТАНОКОТ ТОЧНО ТАКА КАКО ШТО ПРЕНЕСУВААТ ЈА ПРИМИЛЕ ПОРАКАТА ОД ДЕКИО. ДРУГИ КОИ СЕ ИСТО ТАКА УПАТЕНИ ВО ПАРТИСКИТЕ АКТИВНОСТИ ВЕЛАТ ДЕКА НЕ БИЛО БАШ ТАКА. МОЈОТ СТАВ, А ВЕРУВАМ И НА РОДИТЕЛИТЕ Е ДЕКА КОЈА ПАРТИЈА И ДА Е НА ВЛАСТ ТРЕБА, МОРА И Е ОБВРЗАНА ДА СОЗДАВА УСЛОВИ И ДА СЕ ТРУДИ ПРЕКУ РАЗЛИЧНИ МЕХАНИЗМИ ДА ГО ПОДИГНЕ НИВОТО НА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ. БИДЕЈЌИ ДЕЦАТА –УЧЕНИЦИТЕ, ТИЕ КОИ СЕ И ОСТАНАЛЕ ДА УЧАТ, ТУКА ВО СВОЈОТ  РОДНИОТ ПРИЛЕП, МОРА ДА БИДАТ ВО ЧЕКОР СО ЗНАЕЊЕ И СО ОБРАЗОВАНИЕ КАКО И СО ОСТАНАТИОТ СОВРЕМЕН СВЕТ.

 

  • НА КРАЈ, СО НАЈАВЕНИТЕ  ПИКАНТЕРИИ ОКОЛУ „ПИВОФЕСТ“ НЕГОВИОТ ЛАНСКИ  И ГОДИНАШЕН ОРГАНИЗАТОР ЗА ОВИЕ ОБРАТНИВЕ  ОД СДСМ, МИСЛАМ СО ИЗМЕШАНИТЕ ИЗЈАВИ, ПРВО ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА СПОРТОТ ВО ГРАДОТ, ЗА ДУРИ СЕГА И ТОА  ПРЕД  ДВА ДЕНА КОНЕЧНО ДА ИМ ТЕКНЕ СО ИЗЈАВА ДА РЕАГИРААТ ЗА ПИВОФЕСТ И ТОА НИШТО ПОВЕЌЕ, НИШТО ПОМАЛКУ, ИДЕНТИЧНА СО ПОСТОТ НА ФБ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ. ВО КОЈ ЦАКИО ПОБАРА ФОРМАЛНА ОСТАВКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, А ОВОЈ, ТОЛКУ МНОГУ СЕ СТРЕСЕ ШТО СОН НЕ ГО ФАТИ!!! ЛАНИ, ОТКАКО БОКИО ЈАВНО ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ИМА „ПИВОФЕСТ“ ОРГАНИЗАТОРОТ НА ОВАА МАНИФЕСТАЦИЈА  ПОЧНАЛ КАКО ГУЛАБ „АЈАР“ ПОЧНАЛ ДА ВРТИ ОКОЛУ ОПШТИНА СО ЦЕЛ ДА ГО УБЕДИ  ГЛАВНИОВ  ВО ОПШТИНАВА -ТОЈ ДА СТАВИ РАКА ВРЗ ОРГАНИЗАЦИЈАТА. НА ПОЧЕТОКОТ, КОРИСТЕЈЌИ ГО СВОЕТО ПРАВО КАКО ГРАДОНАЧЛНИК, БОКИО ПОБАРАЛ СПАС ОД „МУВАТА НАПЛУВКА“ И БАРАЛ ДА МУ БИДЕ ОНЕВОЗМОЖЕН ПРИСТАПОТ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА. КАКО ШТО ВЕЛАТ ДОБРО УПАТЕНИТЕ-НАРЕДБА СИ Е НАРЕДБА. И ТИЕ БАРАЛЕ И НАШЛЕ КУЛТУРНО ДА ГО ОДБИЈАТ ПРИ СЕКОЈ НЕГОВ ОБИД. ЗА ПО ИЗВЕСНО ВРЕМЕ ТИЕ ШТО СЕ „КАРАЛЕ“ И СЕ ОБИДУВАЛЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ПРИСТАПОТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, ДА ГО ВИДАТ БОКИО КАКО СЕДИ СО НЕГО ВО ЕДЕН ПРИЛЕПСКИ  УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ. А  ВО ЗНАК НА ДОБРА ЖЕЛБА И ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНА  СОРАБОТКА НА ЛАНСКИОТ „ПИВФОСТ“ КОЈ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВАШЕ НА ПАНАЃУР И БЕШЕ ПОД СЕКОЕ НИВО, ВО СПОРЕДБА ШТО ГО ИМАШЕ ПОСТИГНАТО  ПРЕТХОДНО, „МУВАТА НАПЛУВКА“ НА ПОЗНАТИ ФИРМИ И БРЕНДОВИ ЗА ТРИДНЕВЕН ЗАКУП НА  ПРОСТОР ЗА  РЕКЛАМА НА СВОЈ БРЕНД ПРОИЗВОДИ ИМ БИЛЕ БАРАНИ БАСНОСЛОВНИ СУМИ НА ПАРИ.  НА ЕДНИ  50.000 ЕВРА НА ДРУГИ 30.000 ЕВРА И ТАКА НАТАМУ. ГОДИНАВА И ПОКРАЈ ТОА ШТО ПРИЛЕПСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ, ОСОБЕНО ГЛАВНИТЕ НОСИТЕЛИ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ЗА ПИВО И СКАРА РЕКЛЕ ДЕКА НЕМА ДА ПОДДРЖАТ И ДА ФИНАНСИРААТ „ПАНАЃУРИ“ БОКИ ОТИДЕ НА СЕ’ ИЛИ НИШТО. И ПАК СО ИСТИОТ ОРГАНИЗАТОР И АКО ЈАВНО УВЕРУВАШЕ ДЕКА ОРГАНИЗАТОРОТ НЕ Е ПОЗНАТ И ДЕКА ЌЕ БИДЕ ОНОЈ КОЈ ЌЕ ГИ ЗАДОВОЛИ КРИТЕРИУМИТЕ: ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН. УПАТЕНИ ВЕЛАТ ДЕКА И ПОКРАЈ КАТЕГОРИЧНОТО „НЕ“, УПОРНИОТ ОРГАНИЗАТОР НАВОДНО ПОДДРЖАН ОД ЈОВЧЕСКИ БИЛ КАЈ НЕКОИ ОД ГЛАВНИТЕ ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖУВАЧИ. АМА КАДЕ ЧУКНАЛ НА ВРАТА ТАМУ МУ ЈА ТРЕСКАЛЕ ВРАТА И ТОА ПРЕД НОС. КОНЕЧНО ОТКАКО БИЛА РАЗБРАНО  СЕРИОЗНО ТОА ДОЛГО НАЈАВУВАНО И  КАТЕГОРИЧНО „ НЕ“ БИЛО РЕШЕНО „ПИВОФЕСТ“ ДА БИДЕ ОТКАЖАН, А ЈАВНОСТА ВО ПОМЕКА ФОРМА ДА БИДЕ ИНФОРМИРАНА ДЕКА Е ОДЛОЖЕН ЗА ДО ГОДИНА. СУМАТА ЗА ТОЧНИТЕ ЛАНСКИ  ОБВРСКИ ПО РАЗНИ ОСНОВИ ОСТАНУВААТ ВО РАМКИ НА ДЕЛОВНАТА ТАЈНА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ГЛАВЕН ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖУВАЧ  НА ОВАА ПОЗНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА. ЕДНО ОСТАНУВА НЕЈАСНО ЗОШТО ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ СО ИСКУСТВО И ВО ОВАА РАБОТА, НИКОЈ НЕ ГО ПРАША КОГА ТОКМУ ТОА НЕГОВО ЗНАЕЊЕ ВЕЌЕ ПО ПАРТИСКА ЗАДАЧА ГО ИСКОРИСТИЈА МАКЕДОНСКИ БРОД, НОВАЦИ И ДРУГИ ОПШТИНИ.

 

  • ВЕРУВАМ ДЕКА ПРЕКУ ОВИЕ КОЛУМНИ СЕ ОБИДУВАВ ДА ПОКРЕНАМ ДЕМОКРАТСКА РАСПРАВА ВО ЕДЕН ДРУГ ПРАВЕЦ – ДА СЕ ДОЗНААТ ГОЛЕМИ ВИСТИНИ ЗА „ГОЛЕМИ“ И „МАЛИ“ ЛУЃЕ КОИ НЕРЕТКО ОД ОБИЧНИОТ ГРАЃАНИН СЕ ПРИФАЌААТ КАКО РЕАЛНОСТ. НА КРАЈ, ЦЕЛТА Е ДА СЕ ПОДИГНЕ ЈАВНАТА СВЕСТ И ДА СЕ НАПУШТАТ ПАРТИСКИТЕ И ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ И СТЕГИ. ПОРАДИ ЛЕТНИОТ ПЕРИОД И ПОРАДИ НАМАЛЕНИТЕ АКТИВНОСТИ, ОТИ  ЕПТЕН „МНОГУ“ ГИ ИМАШЕ ВО МИНАТИТЕ 47 НЕДЕЛИ. СЛЕДНАТА КОЛУМНА ОЧЕКУВАЈТЕ ЈА НА 25 ТИ АВГУСТ. ЛЕТО Е, А И ВРЕМЕ НА ОДМОРИ. ВРЕМЕ ДА СЕ ОДМОРИМЕ И НИЕ ОД НИВ И ТИЕ ОД НАС. ВЕРУВАМ  ДЕКА ЕСЕНТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ „ПОЖЕШКА“ ОД ЛЕТОВО И ЌЕ НИ ТРЕБА  МНОГУ СИЛА. ТАА  ЌЕ НИ ТРЕБА, ПРЕД СЕ’ ЗА ДА ЈА ЗАДРЖИМЕ И ДА ЈА  ЗГОЛЕМИМЕ ДОВЕРБАТА КАЈ СИТЕ ШТО НЕ’ ПОДДРЖУВАВТЕ НЕ’ КРИТИКУВАВТЕ И НАСОЧУВАВТЕ.

 

Би можело да ве интересира

Еурокомпозит пред стечај, 120 работници технолошки вишок?!

Гордана Цветаноска

ЈКП Комуналец: заостанатите долгови граѓаните да ги отплаќаат на рати, без дополнителни трошоци

Гордана Цветаноска

Спас за Прилеп-блокада на Заполшки мост, протест пред Општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе