0.8 C
Прилеп
среда, 25 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (56)

Пишува Зоран Момироски 

  • КАКО СЕ СЛУЧИ ОД МАЛ, ДА ПРОИЗЛЕЗЕ ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ – ЕДЕН ОД НАЈФРЕКВЕНТНИТЕ  ВЛЕЗОВИ ВО ПРИЛЕП ОД КРУШЕВО ДА БИДЕ ТЕСНО, АМА И ПРОБЛЕМАТИЧНО  „ГРЛО“ ЗА НОРМАЛЕН И СОВРЕМЕН СООБРАЌАЈ?! СИТЕ ЗНААТ И ОНИЕ ОД ЦЕНТРАЛНАТА И ОВИЕ ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ, НО  СИТЕ МОЛЧАТ ЗА ОВАА ГОЛЕМА  „ОРТОПЕДСКО-ТРАУМАТОЛОШКА“  УТКА!!! ПОРАДИ ТОА, ИНВОЛВИРАНИТЕ ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ НЕ САМО ШТО СИ МОЛЧАТ ТУКУ СЕ ПРАВАТ И НА УДРЕНИ. ОВА, И ПОКРАЈ СИЛНИТЕ РЕАКЦИИ НА СИТЕ КОИ ТАМУ СО СВОИТЕ БИЗНИС КАПАЦИТЕТИ ЈА КОРИСТАТ  СОБРАЌАЈНИЦАТА, НО И НА ОНИЕ КОИ ГРАВИТИРААТ СПОРЕД  МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ НА ОВОЈ ДЕЛ ОД ПЕЛАГОНИЈА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И КРУШЕВЧАНИ И КРИВОГАШТАНЦИ. СПОРЕД ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, УЛИЦАТА  „ЛЕЦЕ КОТЕСКИ„ ТРЕБА ДА БИДЕ ШИРОКА 18 МЕТРИ. И ДА Е ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ  ВЛЕЗОВИ ОД КРУШЕВО ВО ПРИЛЕП. МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ СО ЦЕЛ ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ОПШТИНИТЕ СО ПАРИ ОД СВЕТСКА БАНКА, ПОБАРАЛО ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ДА ПОДГОТВАТ И ДА ДОСТАВАТ  ПРОЕКТИ  И ДА ОБЕЗБЕДАТ  ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА И ТОА ПО ДВЕ РАЗЛИЧНИ ОСНОВИ: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ ИЛИ ИЗГРАДБА НА СООБРАЌАЈНИЦИ.  ПРИЛЕПСКАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ПРЕДВОДЕНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ-МУЦЕТО, НА ОВАА ПОНУДА ОДГОВОРИЛ СО ДВА ПРОЕКТИ. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ  „МИЦЕ КОЗАР„ И ,НА ОВАА  „ЛЕЦЕ КОТЕСКИ„,ТВРДИ ЕКС МИНИСТЕРОТ  ГОРАН СУГАРЕСКИ. ТУКА, Е ПОЧЕТНАТА ГРЕШКА ЗА ОВОЈ ВЛЕЗ НА ГРАДОТ КОЈ СЕГА СЕ РЕКОНСТРУИРА СО ШИРОЧИНА НА КОЛОВОЗОТ ОД 6,5 МЕТРИ ВО ДОЛЖИНА ОД ОКОЛУ  2  КИЛОМЕТРИ. АКО ИМАЛО СООДВЕТНА ПРОЦЕНКА ЗА ВКУПНИТЕ ПОТРЕБИ И ФУНКЦИЈАТА НА СООБРАЌАЈНИЦАТА, ТРЕБАЛО ДА СЕ ПОДГОТВИ И ДА СЕ КОНКУРИРА СО ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА ВЛЕЗ ШИРОК 18 МЕТРИ.  СЕГА, НИ АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК, КОЛЕГАТА НА МУЦЕТО, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ , ПА ТОЈ НЕКА БИДЕ  И ,,СВЕТИ“ БОРЧЕ, НЕКА БИДЕ И БОРЧЕ ,,ИКЕБАНАТА“ ОВАА УТКА  – РЕШЕНИЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО ИЗМЕНИ. НЕ МОЖЕ  ДА  ГО НАДОПОЛНИ ИЛИ ДА ГИ ЗАПРЕ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ. УПАТЕНИ ВО ОВАА ,,УЈДУРМА“ ВЕЛАТ  ДЕКА БЕЗУМНОСТА НА НАРАЧАТЕЛОТ ГО ПРИНУДИЛА ИЗРАБОТУВАЧОТ НА  ПРОЕКТОТ ВРЗ ОСНОВА НА ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА НА ТЕРЕН ПА  ПРЕДВИДВИДЕЛ  САМО ЕДЕН ТРОТОАР ЗА ПЕШАЦИ  И ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ. ПОРАДИ ГОЛЕМАТА ФРЕКВЕНЦИЈА ВТОРИОТ ЌЕ БИДЕ НЕКАКВО ,,ПЛУКНИ ЗАЛЕПИ“ РЕШЕНИЕ  ВОН ПРОЕКТОТ. ИЛИ ТОЛКУ – КОЛКУ ДА СЕ СОЗДАДАТ НЕКАКВИ БЕЗБЕДНОСНИ  УСЛОВИ  ЗА ПЕШАЦИТЕ. ЗАЧУДУВА ФАКТОТ  ШТО ЗА ВАКВИ ,,КРУПНИ“ ПРОМАШУВАЊА НИКОЈ  НИТУ ГУГНУВА НИТУ МУКНУВА. ОСОБЕНО НЕ РЕАГИРА НИТИ  СДСМ, НИТУ ВМРО-ДПМНЕ. А СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ, СОПСТВЕНИЦИТЕ  НА ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ И УСЛУЖНИ  КАПАЦИТЕТИ, НА ТРГОВСКИ ОБЈЕКТИ, НА ВОЗАЧИ И НА СИТЕ  ОНИЕ КОИ ГО КОРИСТАТ ОВОЈ ВЛЕЗ, ОВАА УЛИЦА И КАКО  ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ  МОЖАТ СЛОБОДНО  ДА СИ КУКААТ, ДА СИ БАРААТ, НО И ДА СЕ ЧУДАТ КАКО ВО ИДНИНА ЌЕ ГИ РЕШАВААТ  СВОИТЕ  ДНЕВНИ И ТЕКОВНИ  ПРОБЛЕМИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КОЛОВОЗОТ ШИРОК САМО  6,5 МЕТРИ.

 

  • ТРЕБАШЕ ДА ,,ПУКНЕ“ ПРВАТА ПУШКА ВО ПРИЛЕП ПА ДА СЕ ОХРАБРИ  ЦАКИОН НА ДВЕ ГОДИШНИНАТА ОД ДОЃАЊЕТО НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ  И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ СО КОДНО ИМЕ ,,ИКЕБАНАТА“ ДА ДАДЕ ИЗЈАВА ЗА ОНА ШТО ВО ПРИЛЕП Е СРАБОТЕНО ОД СТРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ. И САМО ШТО ПОМИСЛИВ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ ПРИЛЕП ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО СЕГА ЌЕ РАСПАЛИ СО СЕТА ЖЕСТИНА, ЦАКИО ИМ СЕ ОБРАЌА НА ГРАЃАНИТЕ  ЗА ТОА ШТО Е ВЕТЕНО, А ШТО НЕ ИСПОЛНЕТО. НЕБАРЕ, ПРИЛЕПСКАТА ЈАВНОСТ НЕ ЗНАЕ. ЧИТА ЦАКИО ВО СВОЈ  ОПНАТ, ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ ОТИ ЧОВЕКОТ Е ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ. ЧИТА КУТРИОТ  УБЕДИТЕЛНО НЕБАРЕМ ЈА ,,ОТКРИВА АМЕРИКА“. ЧИТА БЕЗ ГРАМ ПОЛИТИЧКА РЕТОРИКА, АМА ИСТОВРЕМЕНО  ПОДГОЛТНУВА КАКО УПЛАШЕН ,,ЗАЈАК“ ЗА ДА ГО ПОКРИЕ ОНА ШТО САКА, АМА НЕ МОЖЕ ДО КРАЈ ДА ГО КАЖЕ. СТРАВОТ Е ДА НЕ СЕ НАРУШИ ,,БРАТСТВОТО“ И ДА НЕ ГО КРКА. ПА ВЕЛИ: БИЛО ВЕТЕНО МОНТАЖНА ГАРАЖА ЗАД УЈП, АМА ОВА ВЕТУВАЊЕ  НЕ БИЛО ИСПОЛНЕТО. НЕ БИЛО ИСПОЛНЕТО ВЕТУВАЊЕТО ЗА БЕСПЛАТЕН ОБРОК ВО УЧИЛИШТАТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДО ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ, А БИЛО САМО ЗА ДЕЦАТА ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ. ПА, ЈА СПОМНУВА И НОВАТА  ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ТОЧИЛА. И ЗАМИСЛИТЕ ПОСЕБЕН АКЦЕНТ, ДЕМЕК ПОЕНТА,  УДИРА НА ВЕТЕНИТЕ НАМАЛУВАЊА  ЗА ЗГОЛЕМЕНИ  СМЕТКИ ЗА ВОДА, ЗА КОМУНАЛНИТЕ  УСЛУГИ ЗА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА, ЗА ДАНОКОТ НА ИМОТ, ЗА ВЕТЕНАТА  ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА, ЗА ВЕТЕНОТО САНИРАЊЕ НА УДАРНИТЕ ДУПКИ  ПО  УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ. И, НА КРАЈОТ КАКО НАЈАВУВАЧКА НА ТВ ПРОГРАМА, ВЕЛИ СЕГА ДЕМЕК НЕМА ПОВЕЌЕ ЌУТЕЊЕ, ТУКУ НА ПРОГРАМАТА  ЌЕ СЛЕДЕЛА СЕРИЈА ОД ИЗЈАВИ И КРИТИКИ ДО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ НА ВМРО-ДПМНЕ. ВО 21 ВЕК, ВО ТОТАЛЕН ,,ХАОС“ НЕКОЈ СЕ ДРЗНУВА ДА МУ ПИШУВА ТАКВО ОБРАЌАЊЕ НА ЦАКАНЧЕ НАШЕ, А ОВОЈ ПАК ПРИФАЌА И ЧИТА, ДАЛИ ЧИТА. КАЈ БЕШЕ БЕ ЦАКИ ДО СЕГА?! ДВЕ ГОДИНИ ТРЕБАШЕ ДА ПОМИНАТ, ПА ДА СЕ СЕТИТЕ ДЕКА НА ЛОКАЛНО НИВО СТЕ ОПОЗИЦИЈА КОЈА СИЛНО ТРЕБА ДА КРИТИКУВА?! ДА ПОТСЕТУВАТЕ И ДА ИНИЦИРАТЕ АКТИВОСТ И ТОА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ, НА ОНИЕ КОИ ВЕ БИРААТ И  ВИ СОЗДАВААТ УСЛОВИ ЏЕПЧИЊАТА ДА СИ ГИ ПОЛНИТЕ ЕМ ТИВКО, ЕМ МИРНО. ИЛИ СЕГА БЛИЖАТ ИЗБОРИ, ПА НЕШТО ТРЕБА ДА СЕ ОДРАБОТИ, ОТИ СЕКОЈ НЕГАТИВЕН РЕЗУЛТАТ СЕ ПЛАШИТЕ ДА НЕ ВИ СЕ УДРИ ОД ГЛАВА, МИСЛАМ ДА НЕ ВЕ УДРИ ПО ЏЕБОВИТЕ. ТОА Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ. НЕ СЕ ПРОБЛЕМ ПОТРЕБИТЕ И ГРАЃАНИТЕ, ПРОБЛЕМ Е ДРУШТВОТО. ВО ВАКВИ УСЛОВИ НЕ МЕ ЧУДАТ ОРКЕСТРИРАНИТЕ  КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОВИЕ КОЛУМНИ. ЗА ЕДНИТЕ ОНИЕ ОД ПОВИСОКИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ,,РЕКЕТАР“ А ЗА ДРУГИТЕ ОД ,,ПОНИСКИТЕ“  НАСЕЛЕНИ МЕСТА ,,ЛИЧНИ ФРУСТРАЦИИ  ПРОТИВ  ЛУЃЕ ОД СДСМ“!!! А ТИЕ ЛУЃЕ СЕ ПОИСТОВЕТУВААТ  СО  ПАРТИЈА.

 

  • ФБ ГОРИ ОТКАКО  БЕШЕ ОБЈАВЕНО СО ДОКУМЕНТИ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ – БОКИ ПОТРОШИЛ НА ИМЕ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО АВГУСТ 90.000 ДЕНАРИ. ЗА МЕНЕ НЕ Е И НЕКОЈА ГОЛЕМА СУМА ШТО БОКИО ЈА ПОТРОШИЛ ВО ПОВЕЌЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ. ОСОБЕНО ШТО КОН КРАЈОТ НА АВГУСТ ВО ГРАДОТ ИМАШЕ КАКВО ТАКВО ЛЕТНО МУЗИЧКО ЗАБАВНО РАЗДВИЖУВАЊЕ. ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ  И ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ,,ВИКЕНД НА ПИВОТО“ ЗА КОЈ ШТО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СПОРЕД ДОГОВОРОТ ПЛАТИЛА ЗА АВТОРСКИ ДОГОВОРИ 1.000.000 ДЕНАРИ. ПРИТОА НЕ НАВЛЕГУВАМ ВО ЗАКОНИТОСТА НА ОВОЈ ДОГОВОР. ИМА НАДЛЕЖНИ НЕКА ИСТРАЖАТ, НЕКА ПОКРЕНАТ ПОСТАПКА АКО ИМА НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ. ЗА МЕНЕ Е МНОГУ БИТНО КАКО Е НАЈДЕНА ОВАА ФИРМА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА  ЗА ,,СТРУЧЕН ТРУД- СИСТЕМСКИ ИНЖИНЕРИНГ НА АУДИО РЕШЕНИЈА ОД СТРУМИЦА. НЕ ГО ПОВРЗУВАМ СО ГРАДОТ БАСТИОН НА СДСМ, НО СПОРЕД НЕКОИ ГЛАСИНИ ЗАД ОВАА ФИРМА СЛУЧАЈНО ДА НЕ СТОИ ЧОВЕК БЛИЗОК НА СДСМ, ИНАКУ ПО ПОТЕКЛО ОД ПРИЛЕП!?!? ВТОРО, НЕМАМ ДОВОЛНО ПОТВРДЕНИ И ВАЛИДНИ ИНФОРМАЦИИ  КОЈ ВО ОВАА РОШОМОНИЈАДА КОГО ГО СПАСУВАШЕ ОД СТРАМОТ ШТО ПРОПАДНА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ПИВО ФЕСТ. АКО СЕ ТОЧНИ ДЕЛ ОД ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ , ТОГАШ НАЈВЕРОЈАТНО СДСМ ГО СПАСУВА ВМРО-ДПМНЕ, А ВМРО – ДПМНЕ ГО СПАСУВА СДСМ. СЕ’  Е ДОМАЌИНСКИ И НА МЕСТО, ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ. АМА ОВА Е ЗА МНОГУ, МНОГУ НЕУПАТЕНИТЕ.

 

  • УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН УДАР ВРЗ ПРИЛЕПСКИТЕ НОВИНАРИ. ОВОЈ ПАТ ПРЕКУ ФБ ПРОФИЛОТ ,,ПРИЛЕП  ПРАВДА ВИСТИНА“. СТАНУВА ЗБОР ЗА ЕДЕН ОД ПОНОВИТЕ ФБ ПРОФИЛИ НАМЕНСКИ ПРЕДИЗБОРНО ПОДГОТВЕН НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ. ЛЕГИТИМНО ЗАПОЧНУВА ДА ВОДИ ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА ПРОТИВ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. ТОЧНО НА ОВОЈ ПРОФИЛ ЕДНОНАМЕНСКИ НЕКОЈ СИ ЗЕМАЛ ЗА ПРАВО И MEЃУДРУГОТО ПИШУВА: ДАЛИ ИМА ЕДЕН ЧЕСЕН НОВИНАР ВО ПРИЛЕП ДА МУ ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШТО НАПРАВИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ПРИЛЕП? ПА СЛЕДИ ПРАШАЊЕ: КАКО Е МОЖНО ШТАРГОСКИ, МУРГОСКИ, МОМИРОСКИ, ДУРЛО, КАКО Е МОЖНО РАДИО ПЕЛА, РАДИО ХОЛИДЕЈ, ЗЕНИТ, ДА МОЛЧАТ ЗА УНАЗАДУВАЊЕТО НА ПРИЛЕП? ПРВО НЕЗНАМ КОЈ СИ ЗЕЛ ЗА ПРАВО  ПРЕКУ ПРАШАЊЕ ДА СУГЕРИРА  ШТО ТРЕБА И КАКО ТРЕБА ДА РАБОТАТ НОВИНАРИТЕ. НЕЛИ СЛОБОДНОТО НОВИНАРСКО ИЗРАЗУВАЊЕ И ИНФОРМИРАЊЕ Е ЛИЧНО УБЕДУВАЊЕ НА НОВИНАРОТ. НО И СТАВ НА РЕДАКЦИЈАТА. УСТИТЕ  ВИ СЕ ПОЛНИ ЗА СЛОБОДА НА НОВИНАРИТЕ. ЗБОРУВАТЕ ЗА  ДЕМОКРАТИЈА. А ВО СВЕСТА ДЛАБОКО  СИ НОСИТЕ СЕВЕРНО КОРЕЈСКА МАТРИЦА. ЗА ЛИЧНИТЕ СТАВОВИ НА КОЛЕГИТЕ НЕ САКАМ ДА КОМЕНТИРАМ ИЛИ ДА НАГОДУВАМ. ПРИТОА НА ПИШУВАЧОТ НА ОВОЈ ТЕКСТ САКАМ ДА МУ ПОРАЧАМ ДА НЕ СИ ДОЗВОЛУВА ТАКОВ ЛУКСУЗ ДА ГИ ГУБИ НОВИНАРИТЕ, ОСОБЕНО НЕ ВО ПРЕДИЗБОРНА  КАМПАЊА. ВТОРО, МИСЛАМ ДЕКА ТОЈ ИСТ АВТОР НА ОВОЈ ТЕКСТ, НЕМА ПРОЧИТАНО ТОЛКУ КНИГИ КОЛКУ ШТО ИМАМ НАПИШАНО И ОБЈАВЕНО НА РАДИО ПЕЛА ВО ОВИЕ 56 КОЛУМНИ. И ТРЕТО, ПРИЛЕПСКАТА ОПОЗИЦИЈА ДА ОДРЖЕШЕ ТОЛКУ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОЛКУ ШТО ВО ОВИЕ КОЛУМНИ БЕА ТРЕТИРАНИ КЛУЧНИ ТЕМИ, ДО СЕГА ПОДОБРО ЌЕ РАБОТЕШЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И НЕМАШЕ ДА БИДЕ  КАКО ШТО ПИШУВАТЕ  „УНАЗАДЕН ПРИЛЕП“. ИСКРЕНО ВЕ ЗАМОЛУВАМ НЕ СЕДЕТЕ, НЕ ТЕФТИШЕТЕ  И НЕ ПИЈАЈТЕ ТОЛКУ КАФЕ И ЧАЈ. НЕ ЛАПАЈТЕ НА ГАГЕ ЛАПАЧКИ ВО УГОСТИТЕЛСКО ОБЈЕКТИ КАДЕ ШТО СЕ СОБИРАТЕ. ОВА СЕ КЛУЧНИ И СЕРИОЗНИ ИЗБОРИ. СО ВАКВИ ЕВТИНИ ШТОСОВИ  НЕМА ДА УСПЕЕТЕ МНОГУ ДА ГО ПОПРАВИТЕ  РЕЗУЛТАТОТ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ. И НА КРАЈ, ОВОЈ МЕТОД НА КАМПАЊА ИМАШЕ  ЕФЕКТ НА КРАЈОТ ОД МИНАТИОТ И НА ПОЧЕТОКОТ ОД ОВОЈ ВЕК. СО УДАР ВРЗ НОВИНАРИТЕ И НА СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ САМО ПОТВРДУВАТЕ  ДЕКА ВООПШТО НЕ СЕ РАЗЛИКУВАТЕ СО ОНИЕ КОИ БАРАА АКРЕДИТАЦИИ НА НОВИНАРИ НА 11 ОКТОМВРИ НА ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА, САКАЈЌИ ПРЕКУ НОВИНАРСКИОТ ГРБ ДА НАПРАВАТ ЦИРКУС ЗА ЕДНОДНЕВНА УПОТРЕБА. НЕ УСПЕАА НИ ТИЕ, НЕМА ДА УСПЕЕТЕ НИ ВИЕ.

 

  • НА КРАЈ ДА ПОТСЕТАМ КОЛКУ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ. 16 ГОДИШНИНАТА ОД ПРЕРАНО ЗАГИНАТИОТ ТОШЕ ПРОЕСКИ БАЛКАНСКАТА МУЗИЧКА ЅВЕЗДА ТРАДИЦИОНАЛНО БЕШЕ ОДБЕЛЕЖЕНА ВО НЕГОВОТО РОДНО КРУШЕВО И ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА. ЗА ПРИЛЕП НЕЗНАМ, ИАКО МОЖЕШЕ ДА СЕ ЗАДРЖАТ ЗА КУСО МАРАТОНЦИТЕ КОИ ТРЧААТ ОД НОВА ГРАДИШКА ВО ХРВАТСКА ДО КРУШЕВО. ОВА УШТЕ ПОВЕЌЕ ШТО ТОШЕ ПРОЕСКИ Е РОДЕН ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА. А НЕГОВИТЕ ПОЧЕТОЦИ ДО ИЗДИГНУВАЊЕ НА ЅВЕЗДЕНОТО НЕБО СЕ ВО ПРИЛЕП УШТЕ КАКО СРЕДНОШКОЛЕЦ ВО МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА. ТИЕ ГОДИНИ НЕГОВИОТ  ПРВ  ЈАВЕН ТЕЛЕВИЗИСКИ НАСТАП БЕШЕ ВО НОВОГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА ТЕЛЕВИЗИЈА ПРИЛЕП. ОВОЈ ИСТОРИСКИ ФАКТ МАЛКУМИНА САКААТ ДА СПОМЕНАТ, ДА ГО КАЖАТ ИЛИ ДА МУ ДАДАТ НЕКАКОВ  ПОСЕБЕН  БЕЛЕГ.

 

Би можело да ве интересира

„Од рака на рака“ – шведска донација за прилепската болница

Гордана Цветаноска

Викенд посветен на пивото и скарата – подготовките привршуваат , се чека забавата на овогодинешниот “Beer Weekend Прилеп 2023” (ФОТО)

Никола Димески

Зголемен бројот на новозаразени во прилепско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе