16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Во тек е првото пријавување за упис во средните училишта (ВИДЕО + ФОТО)

Како и насекаде во земјава така и во Прилеп стартуваше првото пријавување за упис во средните училипта а ќе трае до 25 јуни.Деветтоодделенците ќе имаат можност да избираат каде да се запишат , односно кои струки и профили да ги одберат за своето идно образование.Пријавувањето на учениците се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Пријавата за запишување е составен дел од апликацијата која е потребно да се пополни, да се испечати и да се достави до училиштата со останатите потребни документи согласно конкурсните рокови од Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Република  Македонија.Пополнетата електронска пријава од страна на учениците може да се генерира со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги. Истата може да се повлече преку порталот за е-услуги на МОН, преку печатење со сивото копче печати во сегментот МОИ АПЛИКАЦИИ на порталот – по отварање на електронската пријава на ученикот.

Би можело да ве интересира

Градина во градинка – едукативна иницијатива на ЈОУДГ „Наша иднина“

„Велигденски панаѓур“ в четврток во ООУ „Кире Гаврилоски“

Пела Редакција

Да, потребна ни е ДРУГАРИЗАЦИЈА!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе