15.5 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

За „Спас за Прилеп“, в понеделник, протест и блокада кај Заполшки мост

По повеќе од 3 месечните протести и блокада на локалниот пат кон Оревоец, граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ во понеделник, на 29 ти јули, организира мирен протест и блокада на Заполшки мост во период од неколку часа. Прилепчани и жителите на неколку села бараат прекин на ископот градежен материјал на Бехтел и Енка кај Оревоец:

 С О О П Ш Т Е Н И Е

               Жителите на селата, Ореовец, Крстец и Плетвар, Прилепско, организираат мирен предупредувачки протест со блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско против отворањето на рударскиот коп во непосредна близина на селото Ореовец од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и фирмата Бехтел и Енка. Протестот ќе се одржи на местото Заполшки Мост, меѓу бензинската помпа на ЛУК ОИЛ и Ленишки Мост на 29.07.2024 година (понеделник) од 6,30 до 09,00 часот.

               Образложение:

               Со отворањето на споменатиот коп на само неколку стотици метри од селото Ореовец, загрозен е неговиот опстанок со минирање и вршење ископ со тешка технолгија, загрозени се градбите во селото, доведени се во опасност изворите на вода, од кои неколку се спроведени и во системот за водоснабдување и на градот Прилеп,  загрозен е опстанокот на ендемскиот вид пепертука, Македонска Сивка, како и на други ретки видови растенија и живи суштества.

               Наведените штети, загрозувања и опасности се потврдени од страна на компетентни експерти од соодветните области, но надлежните институции, до денес, немаат преземено, речиси, ништо за спречување на ова зло, кое не ги загрозува само споменатите села и нивните жители, туку и градот Прилеп.

               Затоа, ги ПОВИКУВАМЕ сите свесни и способни Прилепчани, масовно да го подржат овој протест со блокада, со цел да се спречи ескалација на наведените состојби и неконтролираното предизвикување непоправливи штети по нашето здравје, но и нашиот опстанок!

За „Спас за Прилеп“

Би можело да ве интересира

Прилепчанецот Аџиоски не се откажува од мисијата- медицинската донацијата да стигне до македонското здравство

Елизабета Филипоска

Хуманитарна акција на УЖ ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП

Хуманитарна акција на Сапсителната служба „Златоврв„ за помош на Виктор

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе