16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

ИЗЛОЖБАТА ЗА „ЧЕНТО“ НА ПЛОШТАДОТ „ЧЕНТО“

Денеска, 24 јули, пред Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ (Участакот)  од 18.00 — 20.00 часот, во организација на Завод и Музеј Прилеп, на отворено , ќе биде поставеена изложбата „Ченто — биографија низ фотографија“ која во изминатиот период беше поставена во 25 градови во Македонија.

Изложбата ќе биде поставена во чест на прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов — Ченто, кој починал на овој ден, 24 јули 1957 година  и по повод 80 годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, каде беа донесени уставотворни одлуки и ставени темелите на македонската држава,

„Изминаа 67 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на Првото заседание на АСНОМ, голем борец, деец, политичар и визионер кој знаеше дека Македонија еден ден ќе стане независна и самостојна држава. Изложбата „Ченто — биографија низ фотографија” ќе биде поставена на отворено, пред Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“, местото од каде прилепските борци го започнале Народното востание на македонскиот народ, преку кое е стекната државноста на Македонија, за која Ченто се бореше и ништо не можеше да го спречи во истрајноста да се дојде до целта.“- велат од Завод и Музеј – Прилеп

Изложбата ќе биде поставена на 24 јули 2024,  25 и 26 јули.

 

Би можело да ве интересира

Откупот и протестите продолжуваат

Гордана Цветаноска

Силекс триумфираше во Прилеп!

Гордана Цветаноска

Времето повторно променливо

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе