9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Кај Оревоец: Багерите мируваат – Блокадите продолжуваат

И денеска од изутрина 6 и 30 часот прилепчани поставија блокада на патот кој што води до Оревоец. Причината е јасна – нема да дозволат машините на Бехтел и Енка да експлоатираат мермер градежен камен за тампон потребен за изградба на коридорите 8 и 10 д . Во смени граѓаните се организираа во текот на целиот ден, патот кон базата на компанијата да биде затворен – блокиран.

Протестите и блокадите ќе продолжат во континуитет се’ до исполнувањето на барањето – да се стопира со ископот на мермер бидејќи ја загрозува егзистинцијата на единствените 4 извори на питка вода во прилепско, ја загрозува природата, ги уништува ендемските видови животни и растенија. „Се загадува водата, воздухот, се ремети мирот, а ѕидовите од куќите и викендиците веќе почнаа да се оштетуваат од експлозиите при минирањето,“ велат ореовчани за што се организираат за покренување постапки за материјална оштета.

За утре во 9 часот е закажан состанок во црквата во Оревоец на кој што ќе се договараат следните чекори во врска со иницијативата која што започна со стартот на минирањето на конзорциумот Бехтел и Енка под мотото „Спас за Прилеп од еколошка катастрофа“.

Засега благодарение на блокадите на прилепчани багерите мируваат и не се врши ископ кај Оревоец, а граѓаните будно ја следат секоја активност и се организираат во што поголем број да бидат присутни на протестот.

Би можело да ве интересира

Не е исправна водата од четири чешми во прилепско

Елизабета Филипоска

ЛС Прилеп ги повикува граѓаните одговорно да пристапат кон подмирување на данок на имот и комунална такса

Пела Редакција

Пожар во куќа на ул.,,Мечкин Камен“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе