25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Не е исправна водата од четири чешми во прилепско

Водата за пиење не е исправна од четири чешми, на исто толку локации во Прилепско. Водата од крајпатната чешма на Плетвар, кај ресторанот „Че“, од јавните чешми во Лениште, Ореовец и селото Плетвар што се наоѓаат среде селата, не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.

Овие се препораките  од Центарот за јавно здравје од Прилеп, по редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места, каде што нема водоводи, кои што се вклучени во водоводната мрежа, со која стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“.

Би можело да ве интересира

Јовчески: Апелирам МВР – ИТНО И НЕОДЛОЖНО да преземе мерки за заштита на граѓаните на Прилеп!

Младите од општина Кривогаштани бараат Локален младински совет

Пела Редакција

Нападната медицинска сестра во прилепската болница, пожар на товарно возило, приведени тројца за дрога

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе