30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Пожар во куќа на ул.,,Мечкин Камен“

На (14.12.2020) во Одделението за внатрешни работи – Прилеп пријавено е дека во куќа лоцирана на ул.,,Мечкин Камен“ во Прилеп во сопственост на Г.Р. (37) од Прилеп настанал пожар. При пожарот опожарена е целосна просторија во која се грееле на дрва и дел од други простории. Увид извршила увидната екипа на Полициска станица Прилеп, информираат од СВР Битола.

Од ТППЕ Прилеп информираа дека пожарот кај нив бил пријавен во 1:30 ч. мин по полноќ и дека до 2:00 ч. бил локализиран, но поради опасноста повторно да се разгори, пожарникарската служба останла до 4:ооч. За среќа нема човечки жртви, но направена е матерјална штета.

Поради овие причини , од ТППЕ Прилеп, упатуваат аперл до граѓаните во овие зимски услови да внимаваат при користењето на грејните тела, да ги исклучуваат навремено и да ги користат кога се тие присутни дома. Исто така, важно е оџаците на куќите и станбените објкит да бидат исчистени, бидејќи , токму тие, во овој зимски период, се најчестите причинители за предизвикување на пожар.

Би можело да ве интересира

Драстичен пресврт на времето – Ни’ се закани невреме со пороен дожд

Пела Редакција

Прилеп одбележа 121 година од погибијата на Гоце Делчев и 112 години од смртта на Пере Тошев

Пела Редакција

Сојузот на земјоделски здруженија бара да се интензивира откупот и да не се склучуваат договори за новата реколта

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе